ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЕК: Да се подобри пристапот до квалитетно образование, препораките од лани делумно исполнети

Извештајот се осврнува и на резултатите од меѓународното тестирање ПИСА (во три категории –  читање со разбирање, математика и природни науки) во 2018 кои беа објавени во 2019. Наведува дека нашата земја меѓу сите учеснички на ова тестирање, кое ОЕЦД го прави на секои три години, има најголемо подобрување во регионот.

October 10, 2020 10:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во областа образование земјава е умерено подготвенa, констатира Европската комисија во годишниот извештај. Бавен е напредокот во воведување на мерките од Стратегијата за образование 2018-2025, а препораките од извештајот од 2019 се само делумно исполнети и остануваат да важат и натаму.

Напредок е направен со донесувањето на новите закони за основно образование и за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, како и со реформите во стручното образование и обука.

Во наредната година земјата треба да се посвети на имплементација на новата стратегиска рамка за образование, особено на целите за предучилишно образование, на зголемување на поддршката за обуки и професионален развој на наставниците и обезбедување ефикасен процес на оценување и подобрување на пристапот до квалитетно образование за сите, особено за предучилишните, децата со попречености и од ромската заедница.

Извештајот укажува дека образовниот систем е подложен на политичко влијание и корупција, продолжува поделбата по етничка линија, а остануваат и пречките за интегрирано образование. Останува слаб пристапот до редовно образование за децата со попречености и ограничен пристап до училишните објекти, недостигаат соодветни материјали за учење и е недоволна поддршката на наставниците. Децата и учениците Роми и натаму се соочуваат со бариери до редовно и квалитетно образование, но дека новите закони предвидуваат подобрување на квалитетот на образованието и опфаќаат мерки за поголема инклузивност и зајакнување на професионалниот развој на наставниците.

За образованието во 2019 се потрошени 3,7 отсто од БДП.  Зголемени се владините инвестиции во раната едукација и се достапни допонителни 1284 јавни претшколски места, но и покрај тоа вкупното ниво на запишани останува ниско. Целта на ЕУ во образование и воспитание на најмалите е поставена на 95 отсто, а во Северна Македонија само 40,2 проценти од децата од три до шест години биле запишани во лиценцирани установи во учебната 2019/2020. Во основното образование биле запишани 185 955 ученици, а во средното 68 087. Нотирано е дека поради КОВИД-кризата во минатата учебна година е организирана онлајн-настава и часови на националниот сервис за најмалите преку „ТВ Училница“.

Извештајот се осврнува и на резултатите од меѓународното тестирање ПИСА (во три категории –  читање со разбирање, математика и природни науки) во 2018 кои беа објавени во 2019. Наведува дека нашата земја меѓу сите учеснички на ова тестирање, кое ОЕЦД го прави на секои три години, има најголемо подобрување во регионот. Рангирана е на 11 место од дното на листата наспроти четвртото место од крајот на листата во тестирањето во 2015 година. Но напомнува дека земјата е ниско рангирана споредено со учениците на иста возраст (15-годишни средношколци) од регионот и дека е потребно значително подобрување на квалитетот на основното и средното образование.

Во однос на средното стручо образование, Извештајот ги спомнува законските измени,  реформирана програма за четиригодишно образование и регоналните ВЕТ-центри и ја  нагласува потребата од дополнителни напори за усогласување меѓу образованието и вештините што ги бара пазарот на трудот.

Во високото образование се констатира дека стапката на завршени студенти останува ниска во академската 2018/2019. Земјата продолжува активно да учествува во европската образовна програма Еразмус+ и како програмска земја е рамноправна со членките на ЕУ. Посочува дека успешните апликации од Северна Македонија во оваа програма се зголемуваат од година в година.

Во ова поглавје се дадени препораки и забелешки во областа на културата. Констатирано е дека сè уште е во рана фаза спроведувањето на Националната стратегија за развој на културата 2018-2022 со препорака да се интензивираат активностите. Во однос на културното наследство се укажува дека е одложено донесувањето на националната стратегија за заштита и дека е потребно поголема свесност и редовно и соодветно буџетирање.

Треба да се интензивира институционалната соработка за заштита на културното наследство и да се превенира нелегално градење на места со статус „културно наследство од особено значење“, како што се Охрид и Старата скопска чаршија. Наведува дека не е разјаснето и финансирањето на проектите од Годишната програма за проекти од национален интерес, посочувајќи на критиките од културни оператори за начинот на распрделба на парите и за политичко влијание во одлуките.

Учеството на земјата во програмата „Креативна Европа“ на ЕУ според оценката во Извештајот и натаму е задоволително, а од Министерството за култура се бара зајакнување на капацитетите за да се обезбеди раст на културните и креативните индустрии и поголема толеранција меѓу заедниците./МИА/

Next Post

Вархеји: Да се поврзат главните градови од регионот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk