ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре во 18 часот, ќе протестира со возила во Охрид, Прилеп и Скопје против одлуката на Регулаторната комисија за поскапувањето на струјата за 7,4 %.
ВМРО-ДПМНЕ досега одржа повеќе протести од кој едниот беше за за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев, како и два протести „против неправдите, реваншизмот и политичкото насилство“ и протест „против реваншизмот и теророт врз граѓаните и политичките неистомисленици“.
На првиот протест против покачувањето на струјата беше нападната новинарката Милка Смилковска од Ал Џезеира, а вториот под мотото „Богата држава -сиромашен народ“ беше проследен со блокади од луксузни автомобили.
Од протестите останува да се види со каков луксуз овојпат ќе протестираат, колку бензин тоа ќе ги чини и колку ќе придонесат за дополнително, непотребно, загадување на воздухот. Односно со каков „реваншизам“ ќе се борат за намалување на струјата.
Б. Ј.