Битката со ковид-19 ја губат 23 пациенти од 100 хоспитализирани, истакна Милена Стевановиќ, директорка на Инфективната клиника во Скопје, во вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Според Стевановиќ, дури 72 проценти од пациентите со коронавирус имаат и други сериозни нарушувања на здравјето, дел од нив и со два коморбидитети.
Меѓу најризичните се оние со висок крвен притисок, разни срцеви заболувања, дијабет, малигни и хематолошки заболувања.
Директорката на Инфективна истакна дека просечната возраст на починатите пациенти е 65 години и она што особено го потенцира е дека луѓето предоцна бараат помош.
Повеќе од полovina се јавуваат по седум дена од почетокот на болеста, а дел од нив и по десет со веќе развиени тешки симптоми и последици.