ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Владата реши да се објават надоместоците на владините советници и соработници

October 13, 2020 18:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 11-та седница врз основа на препораката на ГРЕКО донесе одлука со која ги задолжува и кабинетите  на премиерот, на вице-премиерите, на генералниот секретар на Владата и на министрите во рок од 10 дена да ги објават имињата и надоместоците на посебните советници, личните советници и надворешните соработници, како и редовно и ажурно да ги објавуваат споменатите податоци во иднина.

На денешната седница ја разгледана информацијата за одржаниот четиринаесетти состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација и донесе повеќе заклучоци:

– Се укажува на Судскиот совет на Република Северна Македонија да ја усвои Стратегијата за човечки ресурси во судството по нејзиното усогласувањето со коментарите од Европската комисија најдоцна до 16 ноември 2020 година.

– Се укажува на Советот на јавни обвинители да ја усвои Стратегијата за човечки ресурси во јавното обвинителство по нејзиното усогласувањето со коментарите од Европската комисија  најдоцна до 16 ноември 2020 година.

– Се задолжува Управата за извршување на санкции да изготви информација за оперативноста и достапноста (распространетоста) на пробацискиот систем на територијата на Република Северна Македонија и за истото да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Министерството за здравство во соработка со Управата за извршување на санкции да подготви план за преземање на итни мерки за подобрување на здравствената заштита во казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови и за истото да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Управата за извршување на санкции, да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку Секретаријатот за европски прашања, за плановите кои треба да се реализираат на полето на едукација и ресоцијализација на осудените лица во казнено-поправните установи и на децата кои се наоѓаат во воспитно-поправните домови, како и за спроведените обуки на вработените во казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, почнувајќи од ноември 2020 година.

– Се задолжува Министерството за информатичко општество и администрација во рамки на својот буџет да ги предвиди средствата определени со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за истото да ја информира Европската комисија (на англиски јазик), преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се укажува јавниот радиодифузен сервис со вклучување на сите засегнати страни и релевантни институции да утврди стратешки пристап за реформа на јавниот радиодифузен сервис  и одржливо решение за реструктуирање на долгот на јавниот радиодифузен сервис и за истото да ја информира Европската комисија (на англиски јазик), преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Министерството за труд и социјална политика да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку Секретаријатот за европски прашања, за преземените напори за заокружување на процесот на деинституционализација на деца, најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Министерството за труд и социјална политика да преземе напори за заокружување на процесот на деинституционализација на лица со посебни потреби и за остварениот напредок да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку Секретаријатот за европски прашања, најдоцна до март 2021 година.

– Се задолжува Министерството за труд и социјална политика, да ја информира Европската комисија на англиски јазик, преку  Секретаријатот за европски прашања, за статусот за спроведувањето на Декларацијата од Познан најдоцна до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Министерството за труд и социјална политика во рамки на редовните, квартални, извештаи да информира особено за преземените мерки за подобрување на интеграцијата на Роми повратници и регистрацијата на Ромите без лични документи, почнувајќи од ноември 2020 година.

– Се укажува на Јавното обвинителство да осигура дека сите мерки, вклучително и ангажирање на истражители, се спроведени со цел да се подобри функционирањето на механизмот за надворешен надзор до 30 октомври 2020 година.

– Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ја финализира новата национална проценка на закани од сериозен и организиран криминал согласно циклусот на политики на ЕВРОПОЛ.

– Се укажува на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција  во постојната евиденција за организираниот криминал, да вклучат и податоци за финансиски истраги, вклучително и податоци за бројот и обемот на спроведените финансиски истраги, најдоцна до 30 октомври 2020 година./МИА/

Next Post

Во судирот во Нагорно-Карабах досега 600 загинати војници и цивили

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk