После именувањето на доскорешниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, за министер за транспорт и врски, денеска советот на Општина Штип и официјално го назначи Јане Миланов за вршител на должност градоначалник на Општина Штип. В.д. Градоначалникот Миланов, ќе ја извршува функцијата до предвремените локални избори во декември.
Седницата се одржа преку апликацијата Zoom, а на дневниот ред на оваа седница беше точка за избор на Вршител на должност градоначалник на Општина Штип, кадешто единствен предлог за оваа функција предложен од страна на советник во Советот на Општина Штип, беше досегашниот заменик градоначалник, Јане Миланов којшто едногласно е избран.
Миланов истакна дека ќе продолжи со тековните проекти и секојдневни обврски на локалната самоуправа со цел непречено одвивање на функционирањето на градот и граѓаните.
Ј. Ѓ.