Прво, економските придобивки од тоа се огромни. Регулиран комерцијален пристап до марихуана значи поголеми даночни приливи, отворање нови работни места, значително унапредување на туризмот, како и нови можности за инвестиции.
Дополнително, се заштедуваат значителни финансии кои моментално се фрлаат на разно-разни полициски акции насочени кон бесмислен лов на луѓе кои до толку немаат никаква допирна точка со криминал што помалку му штетат на општествениот поредок од, на пример, консументи на алкохол.
И можеби најважно од сѐ – легализацијата на марихуаната придонесува и за прифаќање на полиберални ставови и поголема слободоумност, а намалување на степенот на конзервативност во општеството, што се покажа дека ни е особено потребно.
*Забелешка: Пред да почнат конзервите да паѓаат во несвест и да споделуваат, добро е да знаат дека најинтензивната психоактивна супстанца што ја користам е кафеинот во тоа едно еспресо што го пијам на ден. Не консумирам ни цигари, ни марихуана, а екстремно ретко консумирам алкохол. Мојот став за легализација на марихуана се должи на добра информираност и свесност за огромните придобивки од тој процес, а не на тесни лични интереси.
Фејсбук објава на Кристина Костова.