Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги демантира како што вели, пристрасните шпекулации на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека има нов договор со услови од Бугарија.
. „Нема нов договор, туку комуникација за сите прашања на различни нивоа. Односите со соседите не се регулираат со секојдневно објавување на информации во јавноста, а уште помалку со шпекулации или тендециозни изјави, кои имаат за цел да ја влошат атмосферата. Европската перспектива е предизвик за целата земја, не само за Владата“, рече министерот Османи.
Според Мицкоски, Софија сака во македонскиот Устав да се прецизира дека македонскиот идентитет е создаден во 1945 година.