ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Инвестиција од 16 милиони евра, „НЈСК Холдинг“ oтвори фабрика за производство на медицински канабис

October 14, 2020 16:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првата македонска компанија лиценцирана  за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“  денеска отвори производствен капацитет за кој инвестираше над 16 милиони евра.

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 метри квадратни во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на отворањето на фабриката, ваквите инвестиции во услови на криза и пандемија влеваат сигурност, отворање на нови работни места и стимулирање на деловната активност.

Успехот на секоја една компанија е и национален успех, рече Заев, упатувајќи порака до претпријатијата и претприемачите да ги насочат инвестициите кон нови трендови и иновации и да се фокусираат кон производи и услуги со повисока додадена вредност подготвени за извоз.

– Светската економија се преструктуира и доколку сакаме да одиме напред, ние мораме да фатиме чекор со глобалните економски трендови. Одредени индустрии можат и тоа како да ја поттикнат домашната економија и да придонесат да се вратиме на патеките на напредок и економски раст, рече Заев.

Тој се надева дека Парламентот ќе ги донесе измените на Законот за опојни дроги со кои ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели. Ако тоа се направи до крајот на  годинава, според Заев, следната година може да се очекува преку 250 милиони евра производство на канабис за медицински цели.

Смета дека треба да се отвори дебатата за легализација на марихуаната и да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните.

– Дебатата за легализација на марихуаната го гледам од економски аспект заради развојот на услугите и угостителството. Нашето угостителство и услужните дејности многу малку учествуваат во БДП, а ваквите производи можат да бидат сериозна иницијална каписла за развој на БДП. Министерството за внатрешни работи фаќа по 100, по 200 килограми марихуана и ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во закон. Треба овие дебати да ги отвориме, истакна Заев.

За министерот за здравство Венко Филипче, одгледувањето на медицинскиот канабис е значаен сегмент којшто има иднина насекаде во светот бидејќи се повеќе клинички студии покажуваат дека тој може да помогне многу во сферата на медицината.

– Ова е едно поле коешто има голема иднина, коешто во наши услови отвора можност за отворање на многу работни места. Нашиот закон за опојни дроги е веќе во собраниска процедура. Ќе претрпи измени со коишто дополнително ќе ги стимулираме и инвеститорите, но и младите луѓе да ја гледаат иднината во нашата земја затоа што ова значи работа за многу  висококвалификуван кадар во сферата на фармацевските науки, истакна Филипче.

Според извршниот директор на компанијата Златко Кесковски, производствениот капацитет за одгледување на медицински канабис е најголем во Европа во кој се запазени сите стандарди по кои треба да работи оваа индустрија.

– Во време на Ковид и во време на криза која што се случи во светот во изминатиот период,  нашата компанија најде снага и сила да доинвестира и да ги вложи последните средства за изградба на овој капацитет. Во изминативе четири години, вклучувајќи го и овој капацитет вложиме 20 милиони евра во своите капацитети во оваа иднустрија за развој којшто треба да не одведе во европските држави  и во светот со најквалитетен производ произведен во нашата држава.

Компанијата НJСК  е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи. /МИА/

Next Post

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Вие не сте она што мислите дека сте

Најново

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk