ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска-Која: ОБСЕ е голем поддржувач на политиките за заштита на граѓаните од дискриминација и насилство

October 14, 2020 14:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на  искуствата и експертизата која ја добиваме по многу прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која и неговите соработници.

Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура  и формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација како независно тело министерката Шахпаска ги истакна како мошне значајни за обезбедување на заштита на граѓаните од секаков вид на дискриминација, во нашето општество. Во овој дел таа ја посочи одличната соработка со Мисијата на ОБСЕ во нашата држава.

Од страна на Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, како што соопшти МТСП, беше изразена поддршка и во останатите законски решенија кои треба да бидат донесени следниот период, тоа се Законот за заштита на жени жртви од насилство, Законот за работни односи и  поддршка во имплементацијата на децентрализацијата и деинституционализацијата. Со цел  обезбедување на квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им е најпотребна, но и поддршка на лицата со попреченост како дел од процесот на деинституционализацијата.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарало и за предизвиците од пандемијата од коронавирусот, начините на справување со неа, економската поддршка и помош на компаниите и  граѓаните, преку мерките кои придонесуваат за полесно справување со последиците од КОВИД 19.

Соговорниците разговарале и за започнатиот процес на регистрирање на лицата без лични документи кои најчесто доаѓаат од ромската заедница, со цел заокружување на тој процес  и нивно  ефикасно вклучување и во образовниот процес и на пазарот на труд.

Двете страни изразиле подготвеност за понатамошна соработка во сите сегменти кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика во насока на заштита на граѓаните и нивните социјално економски права.​

Next Post

Албанија: Од утре задолжително носење маска, казна од 25 евра, за повторен прекршок 40 евра

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk