ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Македонија и Бугарија имаат разговори, се прават напори за наоѓање решение

October 14, 2020 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска нагласи дека македонската и бугарската страна имаат разговори и дека целта е земјата да оди напред, за што верува дека од нашата страна се прават максимални напори.

Заев ова го кажа одговарајќи на новинарски прашања во врска тврдењето, кое го изнесе лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Бугарија сега бара практично да се потпише нов договор, кој ќе биде сличен на Преспанскиот и кој ќе предвидува уставни измени.

-Не знам на што мисли Мицкоски точно, но ние имаме разговори, дел од тие разговори се со пишани материјали, мора да ги дадеш формулациите со кои се разговара, а јас не би ги коментирал. Одговорни сме, сакаме земјата да ни оди напред и верувам дека ги даваме максималните напори и посветеност, имаме позитивни аспирации, внимание, пријателство за да ги постигнеме договорите, рече Заев.

Нагласи дека најважно во моментов е максимално да ги заштитиме нашите интереси, при тоа водејќи грижа и за интересите на бугарската страна.

-Веќе кажав дека со вакви предлози нашиот народ треба да знае дека постои можност да не се одржи првата Меѓувладина конференција, но кажав и дека тоа не ниту во наш интерес, ниту во интерес на бугарскиот народ. Напротив тоа е наша стратешка цел како држава, а верувам дека тоа не е во интерес ниту на премиерот Борисов, верувам ниту на претседателот Радев, појасни Заев.

Затоа, нагласи, даваме шанса да продолжат понатаму нашите министри, советниците од кабинетите, сите стручни луѓе кои учествуваат во ова да разговараат за да се изнајде  решение.

– Решение може да се изнајде. Кога зборувате за нешто што ви е дел од веќе прифатени и усогласени работи, како што е заедничката историја. Тогаш треба да бидете паметни и да го искористите тоа за пријателство, а не за непријателство и за поделби, тука е суштината. Затоа сме вака внимателни и не навлегувам во суштината на одговорот директно. Треба да се даде шанса на успешни процеси на разговорите. Досега успеавме, земјата ни оди напред, можеме да ја ефектуираме одлуката за почеток на преговорите со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, истакна премиерот  Заев, по отворањето на новиот производствен капацитет на „НЈСК Холдинг“ во индустриската зона Ќојлија, Општина Петровец

На прашањето дали имало реакција од Германија и од други држави по неговата изјава дека е можно да не се одржи првата Меѓувладината конференција, премиерот Заев информира дека имало реакција од сите и сите, како што рече, реагираа соодветно онака како што можат, затоа што нашите пријатели се згрижени за успешниот процес.

– Навистина сме редок, исклучително позитивен пример во сите евроинтеграциски и евроатлантски процеси, кои се пред нас и не сакаат секако да имаат пречка. Тука ќе застанам, ако навлезам подалеку може да ја повредам  другата страна и на тој начин да ги намалам шансите за успешни разговори, изјави премиерот Заев.

Next Post

ИЈЗ: Зголемен бројот на заболени и починати од Ковид-19

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk