ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Ребалансот на буџетот овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки

October 15, 2020 12:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со ребалансот на буџетот се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности и да обезбеди стабилност на социјалните трансфери, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред пратениците.

На собраниската Комисија за финансирање и буџет на која започна расправата по ребалансот на Буџетот, министерот Бесими појасни дека четвртиот пакет мерки се состои од три столба и тоа првиот е наменет за граѓаните и за сочувување на нивниот стандард, вториот за приватниот сектор, односно за економската активност и работните места, а третиот столб подразбира фискална и финансиска стабилност на економијата во целина.

– Таргетираните мерки ќе го амортизираат ударот врз погодените домашни компании преку стимулирање на приватната потрошувачка и поддршка на приватниот сектор, рече Бесими.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари или за 4,1 проценти, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4 проценти од БДП.

Осврнувајќи се на ревидираните податоци за БДП за 2019 година од страна на Државниот завод за статистика, според кои, номиналниот БДП е корегиран во надолна насока, односно од 698 милјарди денари на 689 милијарди денари, Бесими рече дека во една ваква ситуација, се создава потреба од надолно прилагодување на проектираниот номинален БДП за 2020 година.

– Како резултат на ова, во услови на непроменето ниво на буџетски дефицит во апсолутен износ од 56,6 милијарди денари, истиот како процент од БДП изнесува 8,5 проценти, наместо 8,4 проценти. Јавниот долг во вториот квартал, кој во апсолутен износ, исто така е непроменет, но заради надолната ревизија на номиналниот БДП истиот од 59,5 проценти од БДП, со новата проекција изнесува 60,3 проценти од БДП, појасни Бесими.

Со ребалансот на буџетот се додаваат средства во програмата на Владата која е наменета за спроведување на дел од мерките од четвртиот сет како мерки за поддршка за исплата на плата за компании кои имаат одреден пад на приходи како последица на пандемијата, домашна платежна картичка, поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, туристички водичи, регистрирани како самостојни вршители на дејност, враќање на туристичка такса за 2019 година за остварени ноќевања, македонски викенд шопинг со МојДДВ, државна гарантна шема и царинската гаранција и грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби.

Проектираниот дефицит за 2020 година, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 26,9 милијарди денари  и отплатата на домашен долг во износ од 15,3 милијарди денари ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

 

Next Post

Оштетените штедачи од Еуростандард банка се сретнаа со Заев и со Битиќи

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk