ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Шахпаска и Ѓоргиевска со претставнички од „Љубов сме – Jemi Dashuri“: Социјалната реформа обезбеди поголема поддршка, заеднички можеме да го унапредуваме системот

October 15, 2020 18:25
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со претставнички на Здружението на жени за помош и поддршка на пациенти кои се лекуваат од карцином „Љубов сме – Jemi Dashuri“, на која се разговараше за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените болни од карцином, но и можноста Министерството за труд и социјална политика преку конкретни мерки да придонесе за нивно полесно и поефикасно надминување.

Средбата ја организираше сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска, која беше и домаќин во претседателската резиденција.

Министерката Шахпаска истакна дека и како министерка, но и како лекар-специјалист по професија, е секогаш отворена за разговор и за предлози кои ќе значат унапредување на социјалните политиките на државата, а со единствена цел да им се помогне на сите оние на кои тоа им е неопходно.

„Во нашата владина програма предвидени се низа мерки и политики кои значат поголема грижа и за пациентите, но и за ранливите категории граѓани. Но, јасно е дека секогаш може и повеќе и подобро и токму затоа верувам дека преку дијалог и конкретни предлози ќе дојдеме до решение за предизвиците со кои се соочувате. Покрај правото на туѓа нега што болните од канцер го имаат додека трае периодот на лекување, но и преку другите социјални политики и реформи, обезбедени се повеќе мерки кои значат директна поддршка за граѓаните. На пример денеска е олеснет пристапот до гарантираниот минимален приход, а и воведена е социјалната пензија со која се опфатени оние кои имаат наполнето 64 години возраст, а немаат 15 години стаж. Како Министерство, но и како Влада размислуваме за дополнително унапредување на оваа мерка која би била уште поповолна за граѓаните“, нагласи министерката Шахпаска.

Македонка Давчева истакна дека Здружението „Љубов сме – Jemi Dashuri“ има над 1600 членови од кои околу 80 проценти се жени со дијагноза.

„Тежок е патот што една жена треба да го изоди од моментот кога ќе ја слушне дијагнозата, преку процесот на лечење и потоа враќање во работниот процес. Токму затоа поддршката од институциите ни е многу важна. Како Здружение задоволни сме што е покачен процентот на телесна инвалидност, но за жал кај дел од жените се уште има разлика во проценката по стариот и новиот модел“, предочи Давчева.

Во тој контекст министерката Шахпаска ги повика претставничките од  Здружението „Љубов сме – Jemi Dashuri“ најскоро што може да дојдат во Министерството за труд и социјална политика и заеднички, заедно со надлежните служби, да се најде решение за сите отворени прашања.

Next Post

Лидерите на ЕУ: Подгответе се за сите сценарија со Велика Британија

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk