ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Георгиевски во 360 степени: Не можам да се начудам, како Бугарија да не цени што за Делчев веќе се зборува како за заеднички херој

October 16, 2020 23:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Да ги цитираме нашите највисоки претставници. Ако ги следите најновите изјави и на Пендаровски и на Заев, но и на претседателот на комисијата, нивната дефиниција веќе оди кон тоа дека Делчев е заеднички револуционер меѓу Македонија и Бугарија“, вели Љубчо Георгиевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-НП за емисијата 360 степени на Алсат-М.

На забелешката дека се чини како Бугарија не сака задоволно да го прифати ова Георгиевски се согласува и вели дека тука чувствува проблем.

„Просто не можам да се начудам. Тука веќе мислам дека се работи за некои суети на луѓето кои се во комисијата од бугарска страна, кадешто тие гледаат една фактографија, меѓутоа не гледаат која е македонската приказна која овде егзистирала 70-80 години и колку е тешко на еден историчар, на еден политичар, притоа премиер, претседател на држава, да кажат дека Гоце Делчев е заеднички херој и на Македонија и на Бугарија. Мислам дека тие како да ја немаат правата информација која е нашата реторика по ова прашање, која е македонската приказна, како да не сакаат да разберат дека до пред 3 години никој во Македонија тоа не смееше да го каже. Јас во Бугарија важам како пријател, гледате и во меморандумот ме ставиле, меѓутоа јас никогаш кога сум бил премиер не сум кажал дека Гоце Делчев е заеднички јунак на Македонија и Бугарија, затоа што ќе ме растргнеле тогаш во македонската јавност. Сум кажал дека треба да го преиспитаме нашиот однос према Бугарија. Сум кажал дека Бугарите биле поголеми пријатели кон Македонија отколку што сакала да ни ја прикаже југокомунистичката историографија. Меѓутоа ваква изјава од типот дека Гоце Делчев е и македонски и бугарски херој јас немам кажано. Сметам дека и сон на бугарската политика долги години беше да добие таква изјава од македонска страна, и сега одеднаш кога ја имаат таа изјава имам чувство како да не сфаќаат што значи за еден македонски политичар да каже – чекајте, Гоце Делчев е заеднички јунак. Ако тие би прифатиле една ваква дефиниција, не сфаќаат колку ќе бидат растргнати македонските официјални политичари и историчари затоа што гледате дека и тука постојано се појавуваат разни групи, писма, петиции, дека се распродава Македонија, дека го продадовме и Гоце Делчев и сето тоа“, вели Ѓоргиевски за 360 степени на Алсат-М.

Next Post

Бројот на новозаразени е загрижувачки, нови предлог-мерки за заштита од Ковид-19

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk