ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Конзулов за Зелен ЦИВИЛ: Сите губат кога во едно општество растат етничките тензии

October 16, 2020 10:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИНТЕРВЈУ, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот се на агендата и на градоначалникот на Општина Радовиш. Герасим Конзулов. За Зелен ЦИВИЛ, Конзулов вели дека прашањата поврзани животната средина секогаш треба да се разгледуваат во контекст на човековите права и слободи.

Зелен ЦИВИЛ: Кои се зелените перспективи на вашата општина?

Конзулов: Општина Радовиш се вбројува во средно големите општини во државава, што ни дава определена флексибилност во планирањето и имплементацијата на развојните проекти и зелените политики.  По еден подолг период на економска стагнација, денес за прв пат можеме да зборуваме за проекти кои имаат влијание врз благосостојбата на нашата заедница и идниот одржлив економски развој.

Би ги издвоил следните: новата инвестиција со која се реши проблемот со водоснабдувањето во високата зона на градот;  инвестицијата во јавното осветлување со замена на сите стари светилки со нови енергетско ефикасни ЛЕД светилки преку ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство; и изготовка на проектот за гасификација на Радовиш до 2021 година и приклучување кон магистралениот гасовод Клечевци -Неготино-Битола.  Вакви темелни проекти, на кои се гради одржлив развој  до пред четити години беа невозможни.

Секако постојат и големи проблеми кои ќе мораме да ги решаваме долгорочно. Имаме мало учество на граѓанскиот сектор во креирањето на зелените политики, свеста на дел од граѓаните за заштита на животната средина е мала, уништувањето на шумата на пл. Плачковица и управувањето со комуналниот отпад се најсериозните еколошки проблеми со кои сме соочени. Во многу аспекти, решавањето на овие прашања ќе зависат од државната стратегија и политики.

Зелен ЦИВИЛ: Кога говориме за зелените вредности, познато е дека тие не се однесуваат само на заштитата на животната средина која, пак, често се меша со поимите поврзани со комуналната хигиена. Зелените вредности подразбираат почитување на човековото достоинство, што подразбира и социјална правда и антинационализам, стратегии за одржлив развој, што подразбира напуштање на принципите на либералниот капитализам… Колку, според Вашите анализи, знаат политичарите во нашата земја?

Конзулов: Несомнено прашањата за животната средина ќе мораме да ги одговараме во контекст на човековите права и одржливоста на системот на експлоатација на природните ресурси.

Транзиционите економии како што е нашатa, од една страна  имаат огормен предизвик да овозможат либерализација и еконоски раст а од друга страна да го менаџираат загадувањето кое го носи. Економските како и еколошките проблеми ги надминуваат локалните и државните граници и нивното решавање бара меѓународна соработка. Зато е битно што сме дел од НАТО и започнуваме преговори за ЕУ.

Ете кризата со пандемијата покажа дека промена во однесувањето е возможна, Европа бележи драстичен пораст во употребата на велосипеди, позитивен тренд кој ние можеме да го копираме.

Зелен ЦИВИЛ: Вашиот став за растечките политички и етнички мотивирани тензии во нашата земја? Кому одат во прилог, а кој губи?

Конзулов: Сите губат кога во едно општество растат етничките тензии. На краток рок, можеби некој ќе се смета за победник во политичка смисла, но дологочно ударот врз целокупното општество е голем.  За жал, пораките кои содржат екстремни позиции стигнуваат побргу и поефикасно до граѓаните, и затоа добар дел од политичките партии ги користат за промовирање на својата агенда без да размислуваат за последиците.

Зелен ЦИВИЛ: Што треба да се направи во овој поглед?

Конзулов: Општествените тензии мораме да ги решавме институционално како што доликува на една земја која што претендира да биде дел од Европската унија. Мораме да бидеме свесни за сопствената општествена улога и посветено да работиме на реформите кои се дел од европската агенда. Пак ќе се навратиме на зелените политики, економскиот развој треба да ги намалува регионалните разлики и општествената нееднаквост. Искуствата покажува дека инклузивните општества ги намалуваат групните тензии со еднаков пристап до државните ресурси за сите граѓани.

обработка на текст: Д. Тахири / ЦИВИЛ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk