Поранешниот пратеник Амди Бајрам среде пандемија направи свадба за својата внука но не во Македонија, туку во Турција. Од прогласувањето на пандемијата на коронавирусот а со одлука на Владата забрането е организирање на прослави како што се свадби, родендени, кршетвки, слави како и големи семејни собирања.
Тој за неделникот „Фокус“ потврди дека свадбената веселба се одржала на брод во Истанбул на која присуствувле 600 гости од кои 370 се од Македонија.
Здравствените власти велат дека ако кој било државјанин на Република Македонија е заразен со вирусот тогаш тој не може да ја напушти државата, а по враќањето нема законска можност на било кој начин да бидат санкционирани доколку со себе го донесат коронавирусот во земјава.
„Нема законска можност за санкционирање на македонските државјани кои што се враќаат од патување во Турција затоа што во оваа земја е дозволено да се патува без никакви ограничувања, а не постојат ниту ограничувања и контроли по враќањето од Турција за нашите државјани. Епидемиолошка слика или тестирање може да им биде направено само ако истите пројават симптоми на Ковид-19.“ – вели Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје, пренесува 24 тв.