ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

October 19, 2020 18:47
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 40.462.338. Од последици од Ковид-19 починале 1.120.715 пациенти, а оздравеле 30.232.844 луѓе.

– Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, каде во последното деноноќие регистриран е нов негативен рекорд на новозаразени. Од тестраните 1.413 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 295 што е 21 отсто од тестраните. Со последно дијагностицираните, вкупниот број изнесува 17.350 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 96 лица или 10.167,додека починаа три лица односно 454 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 6.729 активни 259 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.

– Бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово достигна до 656, откако три пациенти кај кои бил откриен новиот коронавирус починаа во последните 24 часа. Според Националниот институт за јавно зравство на Косово (ИКШПК), вчера се откриени 118 новозаразени, така што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на епидемијата се искачи на 17.009.Во дневниот извештај на ИКШПК се наведува дека, вклучително вчерашните 50 излекувани, болеста досега ја совладале вкупно 14.716 лица. Согласно официјалните статистики на косовските здравствени власти, во земјата моментно има 1.637 активни носители на вирусот.

-Во последните 24 часа, во Црна Гора се регистрирани 145 новозаразени со вирусот  и четири смртни случаи. Најголем дел новозаразени се од Подгорица – 65. Вкупниот број на смртни случаи поврзани со коронавирусот е 231 од почетокот на јуни, а 240 од почетокот на годината.

– Во Австрија, во последните 24 часа се регистрирани 1.121 нов случај на инфекција со коронавирус, а во истиот период бројот на смртни случаи се зголеми за 11.Австрија подолго време има бројки над 1.000, па дури и 1.500, а помалку се тестира за време на викендите. Во текот на изминатите 24 часа биле тестирани 14.550 лица, што е за 3.292 помалку од претходниот ден, и скоро 10.000 помалку од работните денови.

– Во Словачка беа потврдени 860 нови случаи на коронавирус, но во споредба со претходниот ден беа извршени двојно помалку тестови. Во последните 24 часа починаа четири лица, вкупно 92 од почетокот на пандемијата.На болничко лекување има 532 лица , од кои 21 лице е на оддел за интензивна нега, а 51 е на респиратори. Од почетокот на пандемијата, 30.695 лица биле заразени со вирусот, а 622.032 биле тестирани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Евролигата ги промени правилата за одложување на натпреварите за време на пандемија

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk