ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

На две недели пред изборите Трамп во офанзива, Бајден уверено води во анкетите

October 19, 2020 18:40
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Двајцата претседателски кандидати, републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден, ги интенизивираа кампањитe со митинзи и настапи во пресерт на изборите на 3 ноември. 

На настапите вчера во Невада, претседателот на САД го нападна Бајден со прогоноза за „голема депресија“ во случај на негова победа.  

-Гласањето ќе биде избор меѓу супер оздравување на земјата и депресија на Бајден, изјави тој во Лас Вегас. 

Тој исто така ги окаректеризира претстоечките избори како избор „меѓу сигурни граници и отсусто на граници, меѓу поддршка за полицијата и стопирање на финансиите за неа, меѓу добивање на вакцина во рекордно време за победа над вирусот и затворање на Америка од Бајден за убиство на економијата“.  

Трамп исто така истакна дека ако неговиот опонент дојде на власт ќе ги покачи даноците, и го опиша како „најдосадниот човек на светот“. Актуалниот претседател викендов митинзи  оддржа уште и во Мичиген, Висконсин и Калифорнија, на големи собири на отворено, претежно на аеродромски писти, но медиумите прикажуваа слики на толпи луѓе без маски. 

Бајден пак во саботата сврати во својот дом во Делавер и направи пауза, каде во неделата беше на црква, а потоа замина да митингува само во Северна Каролина.  

Сепак, и покрај активната кампања и обидите да придобие гласови во руралните подрачја на САД , Трамп во анкетите е зад Бајден.  

Анкета на Си-би-ес, укажува дека Бајден води во две клучни „фронтови држави“, во Висконсин со седум проценти и резултат 51 отсто наспроти 41 отсто, држава во која победи во 2016 година. Тој исто така води и во типично републиканската Аризона (50:47), каде последниот демократ кој таму победил бил Бил Клинтон во 1996 година. 

Во меѓувреме, продолжува и предвременото гласање. До вчера, повеќе од 27 милиони Американци гласале лично или по пошта, рекорд во историјата на САД, покажувајќи колку пандемијата го смени политичкиот пејзаж на земјата и колку избирачите се политички наелектризирани.  

Следната дебата меѓу Трамп и Бајден е неделава в четврток, и многумина предупредуваат дека однесувањето на кандидатите на оваа, трета и последна дебата, пред сѐ на актуелниот претседател, ќе придонесе многу во конечниот резултат на изборите.  

Порталот Аксиос дозна дека дебатните советници на Трамп му препорачале да не врши такви упади и прекини во говорот на Бајден како на првата дебата, и да го остави да зборува. 

– Не го спасувај. На Бајден ќе му залута мислата, самиот ќе се препне и ќе започне да мрмори, го советувале Трамп, пренес Аксиос. 

Се додава дека советнците му кажале на Трамп „сѐ што треба да направиш е да им дадеш дозвола на луѓето да гласаат за тебе“, како на дебатата со неговата противкандидатка, Хилари Клинтон, во 2016 година.

Next Post

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk