ВМРО-ДПМНЕ утре вечер во Скопје и уште шест градови во државава повторно ќе одржи протест против, како што велат, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот, најверојатно и овојпат со кабриолети, мерцедеси и други скапи автомобили.
Иако бројот на новозаразени вртоглаво расте, а најавени се нови мерки и рестрикции со цел да се спречи ширењето на вирусот, членовите на ВМРО-ДПМНЕ сепак се решени да организираат протест против криминал, корупција, неправда и прогон, односно главните елементи кои беа секојдневие за време на нивното владеење.
Додека властите напорно работат да ја одржат ситуацијата под контрола, носејќи нови економски и здравствени мерки, единствената грижа на членовите на ДПМНЕ е опструкција на истите преку најавените протести, очигледно обидувајќи се да ги дефокусираат граѓаните од реалните проблеми со кои се соочуваат во време на пандемија.
Д.Е.