До 20 ноември учениците ќе ги добијат првите оцени во училиште. МОН и Бирото за развој на образованието веќе ги известија училиштата за начинот на следење и оценување.
Oд Министерството за образование и наука (МОН) велат дека во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката.
„Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно, наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат“, велат од МОН.