ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со ковид-19

October 20, 2020 07:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес, се пакет мерките за намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, кои денеска на седница на Владата ќе ги предложи министерот за здравство Венко Филипче.

Собранието, пак, ќе расправа за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата – задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.
– Значи, оваа е единствена законска измена што ќе даде можност за сите овие други мерки да се прифаќаат од Владата без дополнителна измена во законот. Треба мнозинство од 61 пратеник. Јас не очекувам да трае целиот тој процес повеќе од неколку дена. Верувам дека до крајот на неделата овие мерки ќе бидат во сила, изјави вчера Филипче.

Вирусот е многу проширен насекаде, посочи Филипче и додаде дека значително се зголемува бројот на заболени, а болниците се исполнуваат.

Тој истакна дека се уште не се сместени пациенти во модуларната болница до Инфективната клиника, иако таа е целосно подготвена, кадарот е подготвен, како и интернистите кои доаѓаат по системот на ротација и медицинските сестри.

– Во болницата „8 Септември“ целокупниот персонал работи на оваа проблематика и интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите. Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, понатаму во Куманово, Штип, почнува да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола во целиот овој регион, а забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар, рече Филипче.

Тој им порача на граѓаните дека ситуацијата е навистина сериозна, дека следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час.

– Да смогнеме сили сите, затоа што ова е начинот, истакна Филипче, посочувајќи дека бројот на заболени се зголемува и во регионот и насекаде во Европа.

Нови 161 случај со Ковид-19 од 771 тестирање беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 12 пациенти од кои седум од Скопје (56 г., 86 г., 71 г., 57 г., 41 г., 86 г. и 82 г.), еден од Струга (67 г.), еден од Тетово (85 г.), еден од Битола (68 г.), еден од Кавадарци (56 г.) и еден од Прилеп (63 г.).

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 788, бројката на оздравени пациенти е 17 392, на починати е 846. Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5550, од кои во Скопје се 2674.

Во државава се хоспитализирани вкупно 487 пациенти.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, две деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 47 пациенти од кои на респиратор се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Учесници на „Маршот за мир“ во Поточари, 10 јули 2025 Фотографија: исечок од видео на БИР ТВ

30 години од геноцидот во Сребреница: Учесниците на „Маршот на мирот“ синоќа пристигнаа во Поточаре

July 11, 2025

Мицотакис за „Билд“: Грција не е отворен коридор кон Европа

July 11, 2025

Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk