ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Идеолошкиот свињарник и голотијата на заробените умови

October 21, 2020 10:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Да се верува во лагите на политичките кујни на криминалците, мора човек да биде премногу прост или колосално глуп. Да се работи во тие фабрики на омразата и лагата, да се биде дел од таа мала армија онлајн тролови кои сеат омраза и вулгарности 24/7мора да се биде безнадежно изгубен, морално паднат и гнасен во душата. Од првиот ден на пандемијата, сѐ што прават криминалците во политиката е да овозможат ширење на коронавирусот и на инфодемијата, значи, да продолжат со вообичаениот бизнис: продукција на лажни вести и омраза. Следени од „патриотите“, запотени и гушнати по кафани и партиски штабови.

Не им успеа обидот за крвав државен удар, па ги кренаа децибелите на вревата. Демократијата, слободата на говорот им се штит за нивниот криминал и терор. Слабостите на системот самите ги создадоа како отстапница за деновите по нивниот пад. Меѓу себе се изедоа, еден на друг си забиваат ножеви в грб, но најостриот нож го чуваат за да ѝ го забијат на својата сопствена земја, нејзината иднина, иднината на децата. Јавноста дозна дека дел од нив се добро платени за сето тоа (200.000 евра за оние тројцана, на пример). За другите, по 9-15 илјадарки (во денари) за цел месец чмаење во партиските трол фабрики. Ако им чини. Сите останати, бесплатно шират отрови наоколу, кукавички скриени зад сенката на анонимноста, некои од нив сѐ уште закачени на вимето на државата.

Слобода?

Тие, патриотите, беа слободни и порано, слободни се и сега. Имаат толку слобода, колку што им треба. Поточна и подиректна формулација на претходната реченица би била: Впрегнати беа во партискиот, клиентелистички огламник порано, впрегнати се и сега.

Ним не им треба повеќе слобода од тоа што партијата им кажала што смеат да мислат дека е слобода. За нив доволно е, да речеме, дека се „ослободени од турското ропство“. Како во вицот: „Ама пред повеќе од сто години било тоа! Ако де, јас вчера дознав!“ Апсурдно, но точно. Затоа сме поделени. Од едната страна глодари во мрачна и мемлива визба, од другата, луѓе ненаситни за слобода, еднаквост и демократија. На кој јазик да се разговара? Едните го познаваат само јазикот на стапот, другите на пркосот и слободното мислење.

Слобода со и без наводници. „Слобода“ да се мразат поинаквите, „слобода“ да се мисли како што пишува во партискиот катихизис, „слобода“ да се одбие секаков прогрес и отворање, „слобода“ да се сака смрдеата од испарувањата во идеолошкиот свињарник… „Слобод“а да се биде арогантен незнајко и насилник.

За нив, најголемо предавство е кога некој што е на власт, ја исполнува обврската да овозможи услови луѓето да мислат и дејствуваат поинаку, да бидат различни…

Затоа, за нив ништо не е подобро од времето на режимот, затоа за нив нема слобода сега, туку за нив режимот е слобода. За нив, сево ова е неразбирливо, хаотично, перверзно, страшно, заканувачки. За нив, дури и грижата за јавното здравје е предавство и заговор.

Демократијата е пропаст, различноста е болест!

Права? Човекови права и слободи? Страшно! Пекол!

Ова е време кога, под самата површината на тоа што го нарекуваат политичка борба, лесно се открива тапост, глупост и простотилак. Голотијата на заробените умови… За нив, сталинизмот и фашизмот се благосостојба и олеснување, ослободување од несносливото бреме на самостојното мислење. Но силната светлина на денот ја спржи нивната голотија… А Правдата го исука мечот од кориците со звук од кој се грози ненаситната глутница.

Ѕидовите се уриваат, а општеството срамежливо излегува од подрумите со ниски тавани. Затоа не им чини, затоа се чувствуваат загрозени. Нивната слобода да мразат и слободата да бидат послушни и богобојазни (суеверни безбожници!) е доведена до апсурд.

Но слободни се, како и секогаш. Толку колку што им дозволува нивната партија. За нив е неразбирливо кога некој вели дека слободата нема цена, бидејќи за нив сѐ е норма и директива, а секако има и цена.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk