ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Дијалози за Дигиталната агенда“ онлајн настан во организација на Фондацијата Метаморфозис

October 22, 2020 13:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 30 октомври, со почеток во 11 часот, на ZOOM онлајн платформата, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ организира онлајн настан “Дијалози за Дигиталната агенда”, кој е во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА”, а е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија).

Настанот ќе се состои од кратко претставување на проектот и мрежата ИЦЕДА, на Дигиталната агенда за Западен Балкан и од претставување на истражувањето спроведено во рамки на Опсерваторија на Дигиталната агенда во Северна Македонија, кое Фондација Метаморфозис го спроведе во рамки на проектот. Настанот ќе служи за развивање на дискусија за придобивките и предизвиците од спроведувањето на Дигиталната агенда во Северна Македонија во денешен контекст, од што ќе произлезат заклучоци кои Фондација Метаморфозис ќе ги земе предвид при спроведување на своите понатамошни активности.

Како говорници на настанот се очекува да учествуваат Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација, Бардил Јашари – извршен директор на Фондација Метаморфозис, Мила Јосифовска Даниловска – менаџер на програмата Општествена отчетност и човекови права онлајн во Фондација Метаморфозис, Проф. Владимир Петковски – Економски институт – Скопје, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Горан Колевски – Советник на директорот за заштита на правата на крајните корисници при Агенција за електронски комуникации, претставник на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, и претставник на Министерство за информатичко општество и администрација.

Сите заинтересирани страни се повикани да го пополнат формуларот за регистрација кој се наоѓа на следниот линк.

За следење на настанот потребно е да се приклучите на овој линк, а заради потребите на проектот, настанот ќе биде сниман и истиот ќе биде дел од проектната архива, но нема да се објавува јавно.

По завршување на настанот, сите регистрирани учесници ќе добијат линкови кои ќе водат до спроведеното истражување и изготвените визуелизации (на македонски, албански и англиски јазик), преку кои понатаму можат да добијат повеќе информации за тековната состојба за спроведување на Дигиталната агенда во Северна Македонија и да ги цитираат информациите соодветно во своите истражувања или статии

Next Post

Врачени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство за 2019 година

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk