ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новите ковид рестрикции на стендбај во Собранието

October 22, 2020 07:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна примената на последните анти-ковид мерки што ги усвои Владата, но засега останува неизвесно кога ќе бидат донесени предложените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести со кои треба да се овозможи воведување и на дополнителни рестрикции за справување со Ковид-19, меѓу кои и за задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање надвор по 22 часот и ограничување на семејните собири.

Владата апелира до опозицијата за поскоро носење на измените на Законот, имајќи ја предвид состојбата со ширењето на коронавирусот во земјата. Ја обвинуваат за неконструктивност и за собирање дневно-политички поени што директно го загрозува здравјето на населението.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, одговараат дека во предложените законски измени нема конкретни мерки за борба против пандемијата. Сепак, велат дека иако не се задоволни од предлогот, нема да го блокираат донесувањето на законот во Собранието.

Пратеникот Антонијо Милошоски вчера на прес-конференција забележа дека во законот нема мерка за зајакнување на капацитетите на институциите кои вршат КОВИД тестови, нема мерка за поевтино тестирање на ризичните групи на население како пензионери или хронично болни, ниту за пошироко тестирање во позагрозените општини како што се Скопје, Прилеп, Струмица, Тетово и други градови.

Објаснувајќи за тоа како ќе постапат во собраниската седница, Милошоски посочи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат законските измени, но ќе присуствуваат на собраниска седница со што ќе му овозможат кворум на парламентарното мнозинство за да ги донесе.

Од ВМРО-ДМПНЕ бараат да се формира нова Специјална државна комисија за борба против пандемијата, која ќе брои 11 члена.

– По функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член. На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство, рече Милошоски.

Предогот за распуштање на сегашната Комисија за заразни блести и формирање нова, не е прифатлив за  министерот за здравство Венко Филипче, кој го оцени како начин на опозицијата да прикаже наводна грижа и конструктивност, а всушност предлогот е целосно неиздржан.

– Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните. Најостро реагирам на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението, вели Филипче.

Воедно, упати критика до ВМРО-ДПМНЕ дека од почетокот на ковид кризата во државата тие делуват неконструктивно кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.

Тој повика на разум и одговорност и јавното здравје да се стави над партиските интереси. – Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкус можен рок, истакна Филипче.

Дебатата во Собранието за носење на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести требаше да почне завчера, не не беа ставени на дневен ред на седницата откако опозицијата побара време да ги разгледа.

Додека се водат преговори кога ќе биде закажена собраниската седница за ова прашање, од синоќа стапија во сила новите анти-ковид мерки донесени на последната седница на Владата. Со нив се предвидува угостителските објекти да работат до 23 часот, државната администрација да го организира работењето од дома или во смени, а капацитетот на јавниот превоз да се ограничи за 50 отсто.

Next Post

Сончево со слаба магла, минимални минус три, максимални 25 степени

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk