ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Расте бројот на заразени и починати од Ковид, Филипче бара итно носење на законските измени

October 26, 2020 08:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Есенскиот бран на Ковид -19 зема се поголем замав. Бројот на заболени расте, а државите воведуваат порестриктивни мерки во обид да го спречат ширењето на вирусот. Во земјите од регионот, Хрватска вчера забележа 2.421 нови случаи што е досега најголем број на заболени пациенти во еден ден во оваа држава. Словенија регистрираше речиси 2.000 новозаболени, а Бугарија 1.043 нови случаи.

Романија пријави нови 3.855 случаи, Велика Британија 19.790 случаи, а нов дневен рекорд на заразени регистрираше и Италија, дури 21.271 лице.

Нов црн биланс на заболени и починати регистрираше вчера и Министерството за здравство. Во земјава во изминатите 24 часа битката со коронавирусот ја изгубија 22 лица, а регистрирани се нови 561 случаи од направени 1.901 тестирање со што процентот на новозаразени се искачи на 30.

Најмладиот пациент кој почина од Ковид е на 35-годишна возраст, а најстариот на 81-годишна возраст. Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови.

Повеќе од половина од новозаразените се од Скопје, односно 271 лице.

Болничките капацитети се речиси полни, а се полни и модуларната болница. Речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се нови 17 пациенти, а вкупната бројка на хоспитализирани е 137 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми, а вкупно се хоспитализирани 49 пациенти. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 8 позитивни мајки, како и 3 деца и 1 мајка суспектни на ковид-19. Во болницата во Битола се хоспитализирани 57, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 281 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

– Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен. Есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот, никој не е поштеден. Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран, апелираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче.
Тој на својот фејсбук-профил напиша дека очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки и законски измени и повика на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита.
– Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата, напиша Филипче.
Заради зајакнување на капацититети веќе е најавено поставување на 16 мини Ковид одделенија, а министерот за здравство Венко Филипче најави и зголемување на термините и на бројот на тестови.

Сетот на препораки за носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од четири лица на отворено и ограничување на бројот на гости во домовите се уште чека да добие зелено светло од Собранието каде власта и опозицијата се уште се надмудруваат дали да работат онлајн или со физичко присуство.

Владата веќе донесе мерки со кои го ограничи работењето на угостителските објекти до 23 часот, освен за оние кои вршат испорака и препорача да се ограничи капацитетот на патници во автобусите на 50 проценти од вкупниот број на патници. На државната и јавна администрација, општините и судовите им препорача да работат онлајн или да ја организираат работата во смени. /МИА/.

Next Post

Македонско-бугарски односи: С.Македонија нема територијални претензии, ниту пак има потреба од нов Договор

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk