ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

October 27, 2020 12:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ.

Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. Функционалната и институционалната независност се неопходни барања на секоја централна банка во ЕУ. Овие принципи што се опфатени во законот треба да се применуваат целосно во земјата.

Ова се дел од заклучоците од првата работна средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со новиот шеф на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што информираат од Народната бака, се разговараше и за предизвиците за економијата по избувнувањето на ковид-кризата, при што беше посочено на важноста на поддршката добиена од ЕУ, вклучително и преку макрофинансиската поддршка добиена од ЕУ неодамна. Како што беше истакнато, за овозможувањето поддршка од ЕУ се клучни и позитивните оцени за работењето на Народната банка и за нејзината поставеност во текот на ковид-кризата. Според оцените на ЕУ, во текот на актуелната глобална криза, Народната банка покажа дека е подготвена за максимално користење на монетарните инструменти коишто се клучни за одржување на макрофинансиска стабилност, којашто е неопходна за побрзо заздравување на економијата во посткризниот период. Како што е истакнато и во извештајот на ЕК, Народната банка реагира брзо, со целни мерки за поддршка на економијата, како преку инструментите на монетарната политика, така и со промените во регулаторната рамка.

Соговорниците напоменаа дека е исклучително важна и поддршката што Народната банка ја доби од Европската централна банка (ЕЦБ), преку пристапот до девизна ликвидност во евра, овозможен првпат, којшто може да се користи доколку е потребно, што е дополнителна потврда за подготвеноста на Народната банка за успешно одржување на макрофинансиската стабилност. Со пристапот до девизна ликвидност обезбедена од ЕЦБ, Народната банка доби уште поголем простор за брзо и ефикасно дејствување во случај на остварување негативни ризици поврзани со ковид-кризата, што, како што беше кажано на средбата, може да биде особено важно за јакнењето на финансиската стабилност на земјата.

На средбата се разговараше и за проектните активности што ги спроведува Народната банка со поддршка од ЕУ, меѓу кои особено се издвојува твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“. Гувернерката и амбасадорот на ЕУ искажаа заемно задоволство за спроведувањето на проектот. Досегашните остварувања овозможуваат простор и за натамошни проекти преку коишто ЕУ ќе ги поддржува определбите на Народната банка за постојано следење на најновите и највисоки европски стандарди и регулативи.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се заблагодари за поддршката што Народната банка постојано ја добива од ЕУ и за успешната соработка со Делегацијата на ЕУ. Амбасадорот Гир истакна дека таквата соработка продолжува и дека во натамошниот период може да се одвива и преку низа нови заеднички активности.

Next Post

Потребни се 450 години за разградување на пластичните заштитни маски

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk