ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

„Kооперацискиот“ експерт на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски

October 27, 2020 13:05
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Непостојаните ставови на професорот од Штипскиот универзите и инфектолог Вело Марковски, во однос на коронавирусот и тоа што често пати јавно ги поткопува мерките и решенијата на Комисијата за заразни болести, не се само обична тема за дискусија во јавноста. Имено, дотичниот експерт кој не излегува од ТВ екраните сега е член на највисоките тела во ВМРО-ДПМНЕ и неговите искази имаат не само јавна, туку и длабоко политичка тежина, да не речам заднина, оттаму и одговорноста што сега треба да ја има и чувствува инфектологот и политичар Марковски е и како инфектолог и како политичар.

Но, што говореше Вело Марковски во неговата инфектолошко-политичка кариера изминативе месеци?

Тој во јавни излагања прво повикуваше да се заразат што повеќе луѓе со коронвирусот, предлагаше „имунитет на стадо“, зборуваше дека вирусот не е опасен и дека студенти по медицина низ светот намерно се заразувале со Ковид-19 за да докажат дека не е опасен. Потоа му текна дека нема да може да се постигне колективен имунитет, па по некое време сам повторно се поби. Кога ќе го прашаат за смртноста и опасноста на Ковид-19, за да ја релативизира опасноста од оваа болест, дава паушални споредби со смртност од самоубиства и сообраќајни несреќи, она тотално аматерски како што пред некоја „коперација“ уз „ѕидарско“ пиво на сред село си правиме муабет.

Во неговиот арсенал од дезинформации и манипулации е најновото гостувањето на ТВ 24 кај Мишко Иванов:

Марковски со цел да спореди како е кај нас а како во регионот, вели во Србија од 7.000 тестови имале 170 нови случаи, слично, вели Вело, било и во Словенија.

Само со едно површно преборување на Гугл, секој може да види дека Вело манипулира и око не му трепнува.

Официјалните податоци говорат дека во Србија дневните бројки во последно време се и по околу 700 нови случаи за 24 часа. Во Словенија пак се и повеќе од 1.000 (вчера беа 1.113, пред неколку дена 1.663).

Кога цел регион покажува рекордни бројки на нови случаи од Ковид-19 (Србија 757, БиХ 1.251, Словенија 1.963, Бугарија 1.589 случаи, официјален податок од 24.10.2020 година), Марковски сее лажни вести, кои се со цел правење несигурност и недоверба на јавноста кон нашиот здравствен систем и Комисијата за заразни болести и сето тоа за собирање на ситни политички поени.

Која е вистинската состојба во овие две земји со коронавирусот што ги напомна Марковски?

Министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар вчера издаде уредба со која за 14 дена се суспендираат сите здравствени услуги кои не се итни. Во Словенија моментално има повеќе од 15.000 активни случаи. А Словенија по број на жители е најблиску со Македонија. Словенија, пак, од друга страна има 11,5 пати поголем здравствн буџет од Македонија, како што напомна и професорот на Медицинскиот факултет во Скопје, доктор Нико Беќаровски во вчерашното гостување на Телма.

Министерот за здравство од Србија, Златибор Лончар, вели дека се подготвуваат за најлошото сценарио. -Следиме што се случува во регионот и Европа, мислам дека се опуштивме повеќе отколку што требаше. Претседателот на Србија Вучиќ, пред два дена изјави дека „последнава недела е една од најтешките во Србија со дневно регистрирани 600 до 700 заболени.

Што вели Вело Марковски кога новинарот Мишко реагира дека не е баш така во Словенија и дека неговите искази се дезинформации?

– Не ми е тоа поентата, му одговара Вело Марковски.

Вело, а што ти е поентата човече?!

Се слушаш ли што зборуваш и каква конфузија создаваш во јавноста кога „кооперациски“ плескаш за веродостојноста на ПЦР тестовите, па повторно завиткуваш цифри од милијарди евра од ракав извадени само за да преплашиш и збуниш народ?

Поентата ти е со лажни вести и дезинформации и со своето паушално однесување да ги поткопуваш  мерките и решенијата на здравствените власти и да ја вознемируваш јавноста. Тоа е поентата драг професоре и доктор на науки. Поентата ти е политикантска и никаква поинаква!

За твоето предимензионирање поставуваќи се како умислена геополитичка фигура, што ја загрозувал велемафијашката фармацевтска индустрија. па барал средби со министерот Спасовски за својата безбедност (и добил) ич да не спомнувам. Па се самовиктимизира Вело дека бил притворен за да го замолчат, а не кажува (како што тврди Костадинов) дека притворот бил за истрага за криумчарење на археолошки предмети, или нешто слично, а не за изнесени ставови за коронакризата. Ама кога сето тоа го пакува и препакува наци-медиумската алфа-републиканска ем курирско-нимфоманска пропаганда, сите ќе разберат дека Вело е притворан заради неговите ставови. И не е виновен народ што џвака лажни вести и дезинформации, кога се пласираат мејнстримски и се копираат и преповторуваат безброј пати и никој за тоа не одговара.

И на крај, внимавајте, Вело Марковски со едно вакво поведение се обидувал само да помогне, како што вели самиот.

Аман Вело, не помагај!

Сето ова можеби и немаше да биде толку сериозно, ако овој и ваков човек по сè ова што може да се види од неговото амбициозно партиско дејствување не се поставува пиедестално како алтернатива и ја пикирал позицијата на Филипче или не дај боже онаа на д-р Караџовски.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk