ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Студија: Од коронавирусот мозокот може да остари 10 години

October 28, 2020 17:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето кои се опоравуваат од последиците од коронавирус можат да претрпат сериозно оштетување на мозочните функции, а во најлоши случаи може да се појави штета еквивалентна на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата сè уште не минала рецензија и е спроведена на 84.285 опоравени лица од Ковид-19, пренесува Танјуг.

Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир, кој рече дека во некои тешки случаи, Ковид 19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.

– Нашите анализи се совпаѓаат со претходно утврдени факти дека има хронични когнитивни последици како резултат на коронавирусот. Луѓето кои се опоравиле, дури и оние кои веќе не пријавуваат дека имаат проблеми, покажаа значителен когнитивен дефицит, рече тој.

Тестовите за утврдување на можна штета се идентични со оние што се користат за Алцхајмерова болест, така што пациентите кои се опоравуваат од коронавирус одгатнуваат загатки или се обидуваат да ги поврзат точките користејќи логика.

Во извештајот на колеџот се наведува дека некои пациенти на возраст меѓу 20 и 70 години, кои имале тешки симптоми, развиле оштетување на мозокот како мозокот да им остарел десет години, без да се прецизира процентот на луѓе на кои тоа им се случило.

Неврологот Џоана Вардлоу, професорка на Универзитетот во Единбург, рече дека засега ќе ги прими резултатите од студијата со доза на резерва.

– Не ги знаевме когнитивните функции на учесниците во студијата пред да добијат коронавирус, а резултатите не мора да значат дека штетата е трајна. Ова значи дека „стареењето” на мозокот можно е да трае кратко, односно мозокот да се врати во нормална состојба по некое време, рече Вардлоу.

Извор: МИА

Next Post

Кумановци позитивни на Ковид-19 не ги кажуваат контактите и избегнуваат изолација

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk