Омразата кон неистомислениците која е инсталирана од времето на владеењето на режимот не само што живее и ден денеска, туку последниот период ги надминува и најелементарните човечки вредности и правила.
Дел од следбениците на режимот, веќе не бират ни основа ни зборови со кои ја изразуваат омразата кон оние што ги гледаат како противници.
Претседателот на „Левица”, Димитар Апасиев, во најновиот пост на Фејсбук се потсмева зо функционерите на СДСМ кои се заразиле со коронaвирусот.
„Само СДС на Нашата Земја може да напраи КЛАСТЕР од дигитален конгрес”, напишал Апасиев.
Но, скандалозното однесување кон загрозените лица од коронавирусот не завршува само со него.
На постот од Апасиев се гледа како личности кои се повикуваат на најодговорната професија, новинарство, Бранко Героски и Искра Коровешовска, се придружуваат со хистерично смеење.
Новиот бран на пандемијата го зафати целиот свет и тоа со уште побрз и позастрашувачки ритам. Вирусот не ги поштеди ни светските политичари и лидери, вклучувајќи го тука и претседателот на САД, Доналд Трамп и многу европски водачи на држави и институции. Само во нашата земја заразувањето од коронавирусот се злоупотребува како оружје за напад врз политички противници и за обвинување, искористувајќи и говор на омраза.
Арбен Зеќири