ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Ако има потреба армијата ќе даде логистика, за тоа не е потребно да има вонредна состојба

October 29, 2020 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во  отуство на вакцина и лек за оваа болест  Ковид – 19 нема друга алтернатива освен доследно почитување на заштитните протоколи, физичка дистанца, носење макси и драстично намален број на дружби и семејни собири. Направете го тоа за себе и за своите најблиски, апелираше до граѓаните претседателот на државата Стево Пендаровски по завршувањето на денешната девета седница на Советот за безбедност.

Актуелната ситуација со Ковид -19 и мерките за сузбивање на  пандемијата била единствената точка по која се дискутирало, а министерот за здравство Венко Филипче, по покана од Пендаровски присуствуваше на седницата и информирал за најновата состојба, за ангажираните човечки капацитети и материјалните ресурси, за работата на Комисијата за заразни болести и за плановите за работа на болниците низ земјата заради прифаќање на напиливот на нови пациенти.

Премиерот Зоран Заев информирал детално за мерките на Владата за поддршка на домашната економија и на  сите категории на граѓани кои се најмногу погодени од пандемијата.

– Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб, луѓето во кризнот штаб на дневно ниво следат што се случува во регионот, во Европа и се подготвени во најкус можен рок практично да ги примената најдобрите модели и кај нас. Поради есенскиот бран на пандемијата здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат што е можно повеќе лица и да се згрижат и третираат што е  можно повеќе пациенти, рече Пендаровски.

Сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, нагласи шефот на државта Пендаровски, секојдневно имаме значителен број заболени, а бројот на оние чии што животи згаснаа поради Ковид-19 значително порасна.

– Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во последните осум месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки кои нашите здравствени авторитети ги применуваат јасно е дека не постојат мерки кои се препорачани и од СЗО или се применуваат во некои други држави и даваат позитивни ефекти, а не се  применуваат кај нас, истакна Пендаровски.

Главнината на здравствените мерки е иста,  појасни претседателот Пендаровски, разликата е само во нивото на  нивно почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација  на законите од страна на  државните институции.

– Ниту во владата, ниту во  Министерството, ниту во КЗБ не е собрано искуството во светот,  така што секоја добронамерна и конструктивна критика за подобрување на нашиот национален државен одговор на пандемијата е добродојден. Кај министерството и во Владата во целина постои и мора да постои добра волја и подготвенсот сите корисни идеи и  предлози да бидат прифатени, рече Пендаровски.

Лично не очекува оваа ситуација, како што истакна, да се користи за добивање на политички поени,

На новинарско прашање дали е потребно повторно да се прогласи вонредна состојба, Пендаровски појасни дека сега има функционално собрание кое доколку е тоа потребно да го направи.

– Јас ќе одобрам употреба на толку припадници на армијата за да помогнат и ако системот не може да издржи армијата може да биде логистичка поддршка од страна, рече Пендаровски, посочувајќи неколку примери каде што е ангажирана армијата за помош во справувањето на пандемијата со коронавирусто.

Next Post

Филипче: Граѓаните да бидат спокојни, болнички капацитети има доволно, кадарот е мобилизиран

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk