ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Совет за безбедност: Нема потреба од нова вонредна состојба

October 29, 2020 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

По состанокот на Советот за безбедност, претседателот Пендаровски изјави дека за ова не е разговарано денеска и оти вонредната состојба не е опција бидејќи нема сознанија и проценки дека доколку се прогласи ваква состојба, ќе се победи вирусот. Останува на мислењето дека вистинско место за дискусија за оваа тема треба да биде Парламентот.

– Тогаш немавме функционално Собрание, имавме техничка влада и обврската падна кај мене. Тогаш примарниот мотив да декларирам вонредна состојба беше Владата, во недостиг на функционално Собрание, да носи уредби со законска сила. Сега, имаме функционално Собрание кое може да носи закони, рече Пендаровски, појаснувајќи дека нема врска вонредната состојба со полицискиот час.

Нагласи дека во ниту една држава во Европа засега не е воведен полициски час на цела територија.

–  До овој момент во Европа не постои ниту една држава која на целата своја територија има воведено полициски час. Во Франција има забрането движење од регион во регион, а во Германија нема таков лимит на физичко движење. Да нема заблуда дека ако ние не го направиме тоа, ќе отидеме уште полошо со пандемијата, порача Пендаровски.

Подготвен е, како што рече, доколку Владата побара како врховен командант на вооружените сили, да стави на располагање колку што е потребно припадници на Армијата како логистичка поддршка во борбата против пандемијата.

Ниту премиерот Заев не гледа потреба од прогласување на вонредна состојба.

– Не ни треба вонердна состојба, за Владата да прогласи полициски час или карантин. Парламентот функционира. Мене ме плаши неотворената можност за онлајн работа на Парламентот затоа што како што имам информации, можеби не ми се точни, од конституирањето на Парламентот досега имаме повеќе од 10 проценти заразени или во самоизолација, рече Заев, додавајќи дека очекува мерките да ги дадат очекуваните резултати.

Ставот на министерот Филипче е дека рестрикцијата на движење нема да има никаков ефект.

– На почетокот на пандемијата постоеше мислење во државите дека рестрикцијата во движење ќе го сузбие вирусот, но тоа не се случи. Очигледно дека овој вирус има комплетно поинакви карактеристики од истата група на вируси. Сега, дефинитивно е јасно дека вирусот е тука и дека мора да се живее со него. Затоа се овие мерки што сега се воведуваат и во другите држави, а значат задолжително носење на маски, избегнување на групирање и нормално одвивање на сите животни процеси, изјави Филипче. /МИА/

Next Post

Заев: Апелирам до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за одговорно однесување, Комисијата е стручна и професионална

EVN

НАЈНОВО

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk