ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Барањето за финансиска поддршка за плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци

November 3, 2020 13:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во рамките на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19 го усвои пакетот кој, меѓудругото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места, посочи Управата за јавни приходи (УЈП), во пресрет на донесување на Законот за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

Овој предлог закон е во собраниска процедура и УЈП очекува да биде донесен во најкраток можен рок.

– Имајќи го предвид фактот дека законот се уште не е донесен, како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите, наведуваат од УЈП.

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати, додаваат, ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци, a УЈП во рок од три дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.

– Управата за јавни приходи, го подготви системот е-Даноци за поднесување Барање за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати и веднаш по донесувањето на законот и подзаконскиот акт, на интернет страницата, ќе го објави образецот Барање за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците ќе го постави на системот е-Даноци за непречено поднесување од страна на работодавачите, појаснуваат од УЈП.

Оттаму посочуваат дека работодавачот со комплетно барање, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б од месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец) внесува шифра 5001, а работодавачот кој може истовремено да користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5001. По обработка на МПИН образецот, УЈП ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец.

– По усвојување на законот од страна на Собранието, Управата за јавни приходи на прес-конференција подетално ќе ги образложи поединостите од Законот односно условите за користење на финансиската поддршка, начинот и роковите за исплата на финансиските средства на работодавачите, постапката на враќање на средствата, но и за казните за прекршување на законските одредби, наведуваат во соопштението.

За сите прашања околу четвртиот сет на антикризни мерки Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да се обратат на маилот: finansiska.poddrska@ujp.gov.mk, како и на контакт лицата по регионалните дирекции објавени на сајтот на УЈП.

Next Post

Шахпаска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во унапредување на правата на децата

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk