ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека вработените на Инфективната клиника со „инјекција во рамото“ ги усмртуваат пациентите

Терапијата што се дава против згрутчување на крвта (клексан) не е причина за настапување на смртта. Кај нас во сите ковид центри тоа е третманот и нон сенс е да се тврди дека од оваа терапија се предизвикува смртноста, уште повеќе дека тоа некој од здравствените работници намерно го прави, ни одговорија од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

November 4, 2020 22:29
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постот што го рецензираме и го оценуваме како невистинит, се темели на коментар оставен под веста за починат 27 годишен пациент од коронавирус на Инфективната клиника. Откако веста за смртта на 27 годишниот пациент е објавена на Фејсбук, под оваа вест е оставен коментар во којшто се тврди дека на Инфективната клиника медицинскиот персонал, наводно, ги усмртува болните од Ковид-19 со инјекција, објави Вистиномер.мк.

„Ова е жива лажа, само едно знам дека е вистина кој влезе во инфективно жив не излезе. Нас не излажаа дека мора сверква ми корона тест да прави за да може да и се препишуваат лекарства. И рекоа одма ќе ја вратат, тие ја задржаа жената. Немаше ништо. Втората ноќ разговаравме рече пред нас ,,леле и мене ќе ме боцкате во рамо и ја боцкаа. Сите три што беа таму, две жени од Кочани и една од Делчево беа боцкани во рамото и за три саати добивме повик дека се мртви и одеднаш позитивни а уште резултатот го нема. Срам за Македонија, еве свекрва ми седум дена до денес без неа“.

Потоа, овој коментар, кој во моментот на пишување на оваа рецензија, има над 380 допаѓања и над 70 коментари, е фотографиран и споделуван понатаму на приватни профили:

„Вистиномер“ официјално се обрати до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, од каде што најостро демантираа дека од терапијата што ја дистрибуираат по индикација за секој пациент според неговите потреби и според неговата клиничка слика, настанала смрт. Конкретно, како што велат оттаму, нискомолекуларните хепарини се даваат во склоп на третманот или профилактички или како тераписка доза. Овој лек со којшто се ,,боцка” пациентот во рамото е важен во терапијата и третманот за Ковид-19, но од него дефинитивно не може да настапи смрт.

Терапијата што се дава против згрутчување на крвта (клексан) не е причина за настапување на смртта. Кај нас во сите ковид центри тоа е третманот и нон сенс е да се тврди дека од оваа терапија се предизвикува смртноста, уште повеќе дека тоа некој од здравствените работници намерно го прави, ни одговорија од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Оттаму додадоа дека е многу тешко од информациите кои се споделени во коментарот, а во коишто се обвинува за намерно предизвикување на смрт по пат на инjекција, да се провери на кое инфективно одделение биле лекувани наводните пациенти. Само посочија дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби не постојат одделенија во кои ковид пациенти се лекуваат по тројца во соба, бидејќи протоколот налага тие да се во изолација, најчесто по еден во соба.

Опасно и ризично е објавувањето и споделувањето на информации кои изложуваат непоткрепена и лаичка дезинформација дека персоналот на инфективните одделенија ,,убива со инјекција”. Можните последици се дека од ваков коментар некој пациент може да биде одвратен да оди во болница за да не го ,,убијат со инјекција во рамо”, па ќе се појави на болничко лекување доцна, што може да заврши трагично.

Next Post

(ВИДЕО) Бајден: Уверен сум дека имаме доволно гласови да победиме

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk