ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Кој е Џо Бајден, избраниот 46. претседател на САД?

November 7, 2020 18:55
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот на Демократската партија Џо Бајден е избран за 46. претседател на САД, јави Си Ен Ен.

Според проекциите на Си Ен Ен, Асошиејтед прес, Њујорк Тајмс и повеќе медиуми, кои се засновани на исклучително прецизни статистички пресметки, прогласија дека Бајден победил во државата Пенсилванија, со што доби уште 20 електорски гласа и надминувајќи го минимумот од 170. Засега тој има 173 електорски гласови од можни 538.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, непоткрепено со докази, тврди дека изборите се наместени во корист на демократите и најави тужби.

Џозеф Робинет Бајден-помладиот е роден на 20 ноември 1942 година во гратчето Скрантон, Пенсилванија, во англиско-ирско католичко семејство, како најстар од четирите деца. Има сестра, Валери Бајден Овенс, и двајца браќа, Френсис Вилијам „Френк“ Бајден и Џемјс Брајан „Џим“ Бајден. Сестра му Валери е еден од неговите главни соборци, менаџер на сите негови изборни кампањи, од првата за во Сенатот во 1972 година, до претседателските избори во 2020 година.

Бајден завршил основно и средно училиште во католичкото „Света Елена“ во Вилмингтон, а потоа се запишал на католичкиот колеџ „Арчмер“ во Клејмонт, Делавер. Бил капетан во неговиот клас, успешно играл американски фудбал за тимот на колеџот, а играл и бејзбол. Според неговите мемоари, во тие години тој има проблем со силно пелтечење, но можел да се справи со него читајќи стихови пред огледало.

Во 1965 година Бајден завршил на Универзитет Делавер, дипломирал историја и политикологија. Во 1968 година завршил правен факултет на Универзитет Сиракуза, и започнал да работи како правник во Делавер.

Во текот на универзитетските денови се запознал со својата прва жена, Нејла Хантер. Стапил во брак со неа во 1966 година, и од тој брак имаат три деца: Бо, Хантер и Наоми. На 18 декември 1972 година Нејла и Наоми загинале во автомобилска несреќа, Бо и Хантер, кои исто така биле во колата, останале повредени. Во тој момент Бајден штотуку бил избран за сенатор и планирал да се откаже од функцијата за да биде со синовите, но се предомислил.

Во 1977 година Џо Бајден се оженил за учителката по англиски јазик Џил Трејс Џејкобс. Од тој брак ја имаат ќерката Ешли.

Постариот син на Бајден, Бо, правник и јавен обвинител на сојузната држава Делавер, во мај 2015 година починал од рак на мозокот. Оваа трагедија влијаеше на одлуката на Бајден да се откаже од номинација на своја кандидатура за претседател, а против Трамп, на изборите во 2016 година.

Бајден, поранешен потпретседател на претходникот на Трамп, Барак Обама, долгогодишен сенатор и претседавач на комисијата за надворешна политика, има повеќедецениско надворешнополитичко искуство. Аналитичарите сметаат дека неговата победа на изборите носи рестартирање на традиционалните американски сојузништва, пред сѐ во Европа и Источна Азија.

Досегашните негови изјави и интервјуа укажуваат на тоа дека тој ќе се стреми кон „соработка со останатите држави кои ги споделуваат американските вредности и цели, а тоа ја прави Америка побезбедна и поуспешна,“ како што и напиша неодамна во колумна за списанието Форин аферс.

Тој најави дека во текот на првата година од неговиот мандат во Белата куќа, ќе биде домаќин на голем самит за демократија и тоа го истакна неколкупати. Тој ќе бара од владите да се обврзат на нови акции во борбата за човековите права, против корупцијата и авторитарните режими, и тоа би било свртување во споредба со попустливоста на Трамп спрема, како што дел од американските медиуми посочуваат, диктаторите и корумпираните владетели како што се сe Си Џинпинг, Владимир Путин, Ким Џонг-ун, Реџeп Тајип Ердоган, Жаир Болсонаро и др.

Џо Бајден е претставник на Демократската партија, а најзини истакнати првенци како гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, и градоначалникот на американската престолнина Вашингтон, Мјуриел Баузер, годинава ги прогласија македонските празници Илинден и Денот на независноста како денови на македонско-американското пријателство, кои ќе се одбележуваат секоја година.

Посветеноста на Бајден на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, ја потврди и Хојт Ји, поранешен заменик помошник државен секретар, кој сега е дел од изборниот штаб на демократскиот претседателски кандидат. /МИА/

Next Post

Заев му честита на Бајден: Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk