ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Бугарија во Берлин прифатила нон-пејпер во кој не се доведуваат во прашање македонскиот идентитет и јазик, a сега се откажува од него, ЕУ со целосна поддршка за нашата земја

November 9, 2020 16:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија не го одржа зборот. Не се придржува кон договореното на високо ниво на неодамнешната средба во Берлин, под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел. Австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершиц денеска на својот профил го откри нон-пејперот на кој бугарската страна се согласила. По очигледниот (и заслужен) дипломатски триумф на македонската страна во Берлин, Бугарија ретерира и се заканува со блокада на почетокот на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија!

Новинарот Вершиц со остар тон ја критикува официјална Софија, дека се обидува да најде најразлични оправданија.

„Софија ова го оправдува историски; ова вклучува дека Скопје треба да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски дијалект; покрај тоа, Северна Македонија треба да признае еден од своите херои како Бугарин и исто така да отстрани натписи во кои Бугарија се нарекува окупаторска сила во Втората светска војна“ – пишува Вершиц на својот профил и понатаму ексклузивно открива дека минатата недела во Берлин на состанокот со кој претседаваше германската канцеларка Ангела Меркел, на кој присуствуваа бугарскиот министер за надворешни работи и двајца министри од Скопје бил договорен нон-пејпер со сосема поинаква содржина од позициите на Бугарија по тој состанок.

Што содржи нон-пејперот на кој се согласила бугарската страна? Еве што пишува новинарот Вершиц:

– Во преговарачка рамка да стои чисто македонски јазик, без фусноти, објаснувања и астерикси

– Немаме проблем на ЕУ да им кажеме дека краткото и долгото име се истозначни, и дека литературниот МК јазик е кодификуван во 1945 година

– Нема разговори и компромиси поврзани со идентитетот и јазикот. Тие прашања се затворени по Преспа, и бетонирани во УН.

Повеќе од очигледно е дека македонската политика е препознаена како добрососедска и конструктивна. Сите во ЕУ, германското претседателство и ЕУ институциите се принципиелни и го почитуваат нашето право на самоопределување. Бугарија е изолирана и работи на штета на сите, на себе, на нас и на цела ЕУ.

Според овој нон-пејпер, но и според расположението во Германија и воопшто во ЕУ, ништо од бугарските барања не е признаено и уважено. Едноставно, македонската позиција е поддржана силно и недвосмислено – нема бугарски корени на идентитетот и јазикот.

Македонската страна во овој бесмислен конфликт што го наметна бугарската политика, е цврста и непоколеблива: нашата земја води политика со која покажува и докажува дека сме посветени на Договорот за пријателство од 2017 година, посветени сме на регионалната соработка и го потврдуваме немешањето во внатрешните работи. Но, тоа значи и целосно заштитени идентитет и чиста употреба на македонскиот јазик, нешто за кое не станува збор во преговарачката рамка.

Едно е јасно. Бугарските државни претставници се изолирани и неодговорни. Единствено на што можат да се повикаат е нивното право на унилатерална изјава, но никако да го кршат консензусот во ЕУ кој е веќе изграден и во кој е препознаена македонската држава како сериозна и одговорна страна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

June 25, 2025
Instagram / @jamescookartwork

(ВИДЕО/ФОТО) Џејмс Кук – уметникот што црта со машина за пишување

June 25, 2025

Во Велика Британија украдена виолина стара околу 280 години

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вучиќ фатен со рацете во медот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и тужбата против Џабир Дерала: Случај што го разгорува прашањето за слободата на медиумите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Трамп повторно ја одби понудата на Путин за помош со Иран: Ми треба помош со тебе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Предавство“ – Трамп, Хегсет и Виткоф за протекувањето на разузнавачки информации што ги поткопaа нападите врз иранските нуклеарни постројки, инсистирaат дека тие се „збришани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Нешто непознато“ го погоди клучниот руски објект за беспилотни летала во Таганрог во бранот напади на украински дронови во повеќе региони на Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk