ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повратот од Викендот без ДДВ ќе се изврши во два дена, исплатата утре и задутре

November 9, 2020 10:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.

На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари.

Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат во утре или задутре на своите сметки.

Мерката Викенд без ДДВ  е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година  и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.

Во трите дена 204 088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и беа скенирани три пати повеќе фискални сметки, а осстварениот промет беше за 9,5 пати поголем во односна истиот викенд лани.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од  66.853.929  денари.

Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе  фискални сметки и беше остварен  9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

По исплатата на повратот од Викендот без ДДВ, Управата за јавни приходи ќе ја почне обработката на налозите за повратот од МојДДВ за третото тримесечје, по што ќе започне и исплатата на тие средства на граѓаните.

По овој основ кај граѓаните на сметките ќе бидат префрлнеи речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020  сппред податоците на Управата за јавни приходи, остварен е промет од  29,8 милијарди  денари, од кои прометот од македонски производи изнесува  7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува  21,9 милијарди денари. На граѓаните за ова тримесечје  ќе им се врати, односно исплати  околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Од УЈП наведуваат дека трговците и давателите на услуги се должни да ги означат  одделат правилно македонските добра и услуги од останатите добра и услуги во фискалните апарати, а издадената фискална сметка задолжително да го искажува прометот од сите македонски производи и услуги.

„Само преку правилно искажан промет од македонски производи и услуги граѓаните може да остварат поголемо право на враќање на дел од данокот на додадена вредност односно 20 отсто. Скенирањето на фискалните сметки значи пари назад кај граѓаните, значи издавање на фискални сметки за секој купен производ, значи формализирање на неформалната (сива) економија. Управата за јавни приходи е партнер со компаниите и со граѓаните, и заеднички се бори против сите кои не ги почитуваат даночните правила во државата“ посочуваат од УЈП

Апликацијата МојДДВ може да ја користи секој граѓанин со навршени 15 години и кој е регистриран на електронскиот систем на Управата за јавни приходи.

Next Post

Лукаревска во Утрински брифинг: Секој што ќе ја злоупотреби државната помош, ќе подлежи на кривична одговорност

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Турскиот министер за транспорт казнет за возење со 224 км/ч

August 25, 2025
Фото: Pixabay

Операции за намалување на висината – нов тренд во турскиот медицински туризам

August 25, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага против криминална група за даночно затајување, даночна измама и перење пари

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk