ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратеничката Алт од Бундестагот: Берлин да ја сопре Бугарија во националистичкиот историски ревизионизам

November 10, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на Либералната партија во Бундестагот Рената Алт ја повика владата во Берлин да влијае врз Софија за да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ. Таа бара укинување на принципот на едногласност во ЕУ, пренесува „Дојче веле“.

Бугарија го користи членството во ЕУ како средство за притисок врз С. Македонија и го торпедира процесот на проширување на Унијата, вели пратеничката на Либералната партија (ФДП) во германскиот парламент и член на Комисијата за надворешна политика, Рената Алт. Тоа, според Алт, е неприфатливо.

„Со своето вето, Бугарија го торпедира секој напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Фактот дека Бугарија го користи своето членство во ЕУ како средство за да изнуди отстапки во историскиот спор со Северна Македонија е целосно неприфатлив и предизвикува повторна штета на процесот на пристапување во ЕУ“, вели Алт.

Таа смета дека бугарското вето за Скопје ќе му зададе фатален удар на севкупниот процес на проширување на ЕУ и апелира до Владата во Берлин да реагира.

„Сега, кога ЕУ конечно постигна договор за одржлив и транспарентен пристапен процес, обновената блокада на пристапните преговори ќе биде фатален сигнал. Сојузната влада треба да го искористи преостанатото време на германското претседателство и да апелира до бугарската страна да не ја попречува тековната непречена реформска динамика во Северна Македонија со својот националистички историски ревизионизам“, изјави Алт.

Пратеничката на Либералите, притоа, бара промени и во принципот на одлучување на ЕУ за во иднина да се избегнуваат слични ситуации.
„Ниту една земја на ЕУ нема право да го негира правото на самоопределувањето на друга земја. По блокадата на Кипар на санкциите на ЕУ против Лукашенко, ЕУ треба конечно да го искористи бугарското вето како повод да го укине принципот на едногласност и со тоа да ја врати способноста на Унијата да дејствува при важни одлуки“, вели Рената Алт.

извор: DW

 

 

Next Post

Петиција на ЗЛС: Преименување на детската болница „Козле" во чест на д-р Трајче Нешковски

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk