ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Потребни се поголеми вложувања на науката, таа е основата за целокупниот развој на општеството

November 11, 2020 12:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерската за образование и наука Мила Царовска по повод Светскиот ден на науката- 10 ноември, денес учествуваше на онлајн панел дискусија за развојот на научната дејност во Република Северна Македонија. Дискусијата којашто ја организираше Комисијата за наука при Универзитетското Студентско Собрание на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, беше во насока да се увидат состојбата, местото и иднината на научната дејност во државата.

Научно истражувачката дејност е многу значајна за развојот и напредокот на сите сегменти на општеството, затоа сметам дека како Влада треба да посветиме посебно внимание на унапредување на нашата наука. Овие дискусии се многу значајни за да ја согледаме важноста за вложување во науката, но и да се поттикне соработката помеѓу академските, научно-истражувачките установи, приватниот сектор и институциите“, рече Царовска.

Министерката истакна дека веќе се работи на планско и континуирано обезбедување со средсва наменети за науката, преку грантово, проектно и програмско финасирање.

„Од годинава за првпат  Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука преку грантовското финансирање додели 34 иновациски ваучери со вкупна вредност од 15 милиони денари коишто треба да го поттикнат развојот на науката во нашата држава. За 23 од доделените апликации, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“– Скопје ќе ги обезбедува потребните услуги, 9 ваучери се доделени на Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип, а 2 на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.

„Преку овие иновациски ваучери, коишто ќе ги доделуваме и во иднина, од една страна вложуваме во иновацијата, отвораме можности за младите директно да учествуваат на проекти кои можат да ја обликуваат нивната кариера, а од друга страна им овозможуваме на компаниите да ја зголемат својата конкурентност“, рече Царовска.

Министерството за образование и наука од идната година воведува поддршка за национални истражувачки програми, а очекувањата се во 2022 година да се воведе програмско финасирање кое ќе се спроведува во континуитет и ќе биде предвидено со целосно нов Законот за научно истражувачка дејност.

Министерката истакна дека заложбите на МОН се да се зголеми учеството на БДП во науката. Според последните податоци од Државниот завод за статистика во текот на 2019 година БДП-то во науката учествувало со 0,35%, а учеството на бизнис секторот во науката било 0,10%. Во земјите од ЕУ овие вложувања изнесуваат во просек околу 1,8% од  БДП, а тенденцијата е да станат околу 3%.

 

Next Post

Хоџа: Наскоро нови униформи за Шумската полиција

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk