ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ФАЦ: Инсистирањето на контроверзни историски прашања го загрозува проширувањето на ЕУ

November 11, 2020 10:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инсистирањето на Бугарија на контроверзни историски прашања како услов за евроинтерграцијата на Северна Македонија може да ја загрози целата политика за проширување на ЕУ, оценува Франкфуртер алгемејне цајтунг во текстот „Меркел ги предупреди кавгаџиите“.

„Во овој дел од Европа во кој се преценуваат историските спорови, ќе дојде до крај на политикта на проширување на ЕУ ако се дозволи барањата за договор за билатерални историски спорови да стане предуслов за почеток на пристапните преговори. Бидејќи сите земји-членки на ЕУ во поширокиот регион (Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Хрватска) се во конфликт со земјите кандидати за едно или за друго историско прашање. Станува збор за територии, исходот и текот на војните, проценка на историските личности, постоењето или непостоењето на разни малцинства. Доколку договор за вакви контроверзни прашања стане критериум за пристапување, политиката на проширување на Балканот ќе заврши“ пишува ФАЦ.

Бугарската закана дека ќе ја блокира Северна Македонија, според германскиот весник, го засени и Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес со кој вчера заеднички претседаваа премиерите на двете земји Бојко Борисов и Зоран Заев.

„Берлин, кој како актуелен претседавач со Советот на ЕУ сака да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија во декември, со недели се обидува да посредува во спорот на највисоко ниво. Федералниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, канцеларката Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Маас интервенираа за да се постигне компромис и да се убеди Бугарија да ја повлече заканата за вето“ наведува ФАЦ.

Канцеларката Меркел на Самиот во Софија порача дека една од целите на Берлинскиот процес е и помирувањето, со надминување на историските тензии. Таа, посочува весникот, како наставничка во училиште ги предупреди двајцата шефови на влади да стават крај на спорот, порачувајчи им: „Во регионот, мора да кажете да: Направете договор! Ова е многу важно“ .

„Во вторникот беше неизвесно дали овие предупредувања ќе бидат успешни. Слушнавме од Скопје дека изгледите се лоши. Бугарија инсистира на својот став дека Северна Македонија може да преговара за членство само ако го усвои бугарското државно толкување на „заедничката историја“. Бугарија веќе ја информираше ЕУ на почетокот на ноември дека под сегашните услови нема да се согласи за почеток на пристапните преговори“ пишува ФАЦ.

Од гледна точка на Бугарија – барем колку што тоа го шират историчари блиски до државата и владата – Македонците се „измислена нација“. Софија бара од Скопје јавно да изјави дека во Бугарија нема македонско малцинство, а мора да признае и дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени. Оваа позиција, е критикувана од водечки бугарски историчари и лингвисти, кои во отворено писмо до владата ја оценија како несоодветна па дури и смешна, но тоа, наведува весникот, не влијаеше на владата во Софија. Министерката Екатерина Захариева се пожали на Ројтерс за „бесконечните тврдења“ на Скопје за постоење на македонско малцинство во Бугарија и за непризнавање на „актуелните реалности“ и „историската вистина“.

„Сепак, ниту Заев ниту членовите на неговиот кабинет не излегоа во јавноста со обвинувања за македонско малцинство во Бугарија. Од Северна Македонија исто така се вели дека во 21 век во Европа не е на државите да одлучуваат кои малцинства се дозволени, а кои не. Неофицијален компромисен предлог предвидува Скопје писмено да признае дека македонскиот јазик, како што денес се зборува во Северна Македонија, бил кодифициран по завршувањето на Втората светска војна. Иако овој факт само по себе е неспорен, во вторникот не беше јасно дали може да се донесе приближување меѓу Софија и Скопје“ пишува Франкфуртер алгемајне цајтун

Next Post

Петров: ФИТР мора да ја заземе централната улога како двигател во нашата развојна економија

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk