ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

УНХЦР: До 2024 година земјите да стават крај на неизвесноста за лицата без државјанство

November 11, 2020 11:21
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

КОВИД-19 ги влоши страдањата на милиони лица без државјанство низ светот, предупреди денеска Високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди. УНХЦР денеска одбележува шест години од отпочнувањето на кампањата „Јас припаѓам“ (#IBelong), чија цел е ставање крај на бездржавјанството до 2024 година.

Одбележувајќи ја годишнината од кампањата, Гранди ги повика светските лидери да ги вклучат и заштитат популациите без државјанство и да направат храбри и брзи чекори за да го искоренат бездржавјанството.

„Пандемијата на КОВИД-19 повеќе од кога било ја покажа потребата од инклузија и итноста на решавање на бездржавјанството. Пандемиите не разликуваат државјани од недржавјани. Не е во интерес на ниту една држава, општество или заедница да остави луѓе без државјанство и тие да живеат на маргините“ рече Гранди.

Според него, мора двојно да ги засилиме напорите да ја решиме оваа повреда на човештвото во 21 век.

„Не поседувајќи важни законски права и често немајќи пристап до основни услуги, многу од лицата без државјанство се политички и економски маргинилизирани, дискриминирани и ранливи на експлоатација и злоупотреба.  Во многу земји, лицата без државјанство, вклучувајќи ги и бегалците без државјанство, живеат во супстандардни и несоодветни санитарни услови може да го зголемат ризикот од болеста“ наведуваат во соопштението од УНХЦР.

Иако е тешко да се добијат глобални податоци бидејќи популациите без државјанствоне секогаш се регистрираат или вклучуваат во пописите на државите, УНХЦР известува за околу 4,2 милиони лица без државјанство во 76 земји. Сепак, се смета дека реалниот број е значително поголем.

И покрај тоа што е постигнат значителен напредок во намалувањето на бездржавјанството ширум светот откако започна кампањата во ноември 2014 година, пандемијата на коронавирусот влоши многу од потешкотиите и неправдите со кои се соочуваат лицата без државјанство.

„Без државјанство, многу од овие лица немаат пристап или не се вклучени во основното јавно здравство и социјалното осигурување. Оставени се да бидат екстремно ранливи наспроти пандемијата“ рече Гранди

Од организацијата наведуваат дека некои земји сепак покажуваат водство со вклучување на лицата без државјанство во одговорот на КОВИД-19, обезбедувајќи им пристап до тестови и лекови, храна, облека и маски. Некои влади ги вбројаа во основни потреби впишувањето во матичната книга на раѓање и издавањето други матични документи, со што тие продолжија да функционираат и покрај пандемијата и со тоа помогнаа да се спречи создавање нови случаи на бездржавјанство.

„Бездржавјанството е проблем кој е лесен да се реши и спречи – прашање на политичка волја е да се смени статусот и животот на една личност – а, сепак, последиците од непреземањето ништо, особено за време на пандемија, можат да бидат опасни по живот“ рече Гранди.

Високиот комесар на ОН за бегалци Гранди потенцира дека со цел да заштитиме и спасиме животи, УНХЦР бара од владите да го решат бездржавјанството и да се осигураат дека ниту еден човек не е изоставен.

Next Post

Владата го утврди Предлог буџетот за 2021, за 400 компании 17,2 милиони евра за инвестиции

Shortcut

Најново

Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk