Силниот земјотрес што утрово го почувствуваа граѓаните на Скопје и други градови во државата, ги вознемирило и животните во Зоолошката градина во Скопје.
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Marko (@Sylvester_mk) November 11, 2020
Од видео клипот што е постиран на Твитер, може да се чуе вознемиреноста на животните.
Според апдејтираните податоци од 5 часот и 40 минути, но сè уште неофицијално, земјотресот што е почувствуван во Македонија и Албанија е со јачина од 4,9 степени, а епицентарот е во близина на Мавровско езеро.
Ј. Ѓ.







