ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Државна помош од 17,2 милиони евра за 400 компании што инвестирале во услови на пандемија

November 12, 2020 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 400 компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот ги исполнија условите од Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентоста на деловните субјекти во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат финансиска поддршка од државата за своите инвестиции во вредност од 17,2 милиони евра.

Со мерката, која е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со Ковид-19, беше предвидена директна државна помош од 25 отсто од реализираната инвестиција во периодот од март 2020 година кога започна ковид кризата, па до крајот на 2021 година. На јавниот повик што го објави Министерството за економија на 31 јули годинава се пријавија над 700 компании. Мерката од 20 милиони евра беше наменета за домашните компании од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот, кои не беа директно погодени од последиците на пандемијата, за да им се помогне да ги реализираат веќе започнатите или планираните инвестиции.

„Тоа значи дека директно до 400 компании ќе се слеат вкупно 17,2 милиони евра државна поддршка.

Вкупната инвестиција на овие 400 компании се проценува на 89,2 милиони евра. Искористеноста на средствата сама по себа дава јасен сигнал дека имаме национални компании кои се подготвени да инвестираат во услови на криза. Им симнувам капа на сите храбри инвеститори, домашни претприемачи кои и во време на Ковид стартуваат свои проекти и сакаат допонително да инвестираат. Еве вашата земја е тука да помогне. Продолжуваме со такви мерки и во периодот кој следува“ рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Директната финансиска инекција, посочи, ќе им помогнеме на компаниите дополнително да растат, да се развиваат, што значи да ги задржат постоечките и да отворат нови работни места.

„Државата е тука да помогне во најтешките моменти заедно да ја пребродиме оваа криза, да излеземе посилни  и да продолжиме со позитивни трендови на новата развоја македонска економија“ потенцира Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека Владата покажува оти се грижи и ги поддржува сите компании кои во овие тешки времиња инвестираат во нивната конкурентност.

„Денеска ја заокружуваме една од главните мерки од третиот сет на економски мерки кои Владата ги усвои во текот на вонредната состојба. Оваа помош што Владата ја дава за зголемување на инвестициите и за поттикнување на извозот и зголемување на продуктивноста и конкурентноста на нашите компании ќе внесе дополнителни инвестиции од 89,2 милиони евра согласно сите инвестициски планови“ рече Бектеши и додаде дека Министерството за економија веќе ги подготвува сите поедничнечни договори за секоја инвестиција во делот на уредбата.

Министерството, потенцира, во текот на наредната недела ќе ги повика сите 400 компании да склучат договор за финансиска поддршка.

„Исплатата ќе се изврши во рок од 15 дена од денот на потпишување на договорите“ посочи Бектеши.

Со тоа , како што рече, уште еднаш се покажува дека државата подеднакво ги третира и домашните и странските инвестиции.

„Веќе нашите домашни компании се третираат подеднакво со странските и директно и тие добиваат поддршка од страна на државата. На ваков начин ќе продолжиме да работиме и со новите мерки“ потенцира Бектеши и најави дека ќе следат измени на Законот за финансиска поддршка на ивнвестициите со цел во наредната година сите домашни и странски компании да можат да ги користат мерките што произлегуваат од законот

Next Post

Османи: Сè уште нема договор со Бугарија

Најново

Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026
Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk