ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Се разговара дали медицинските сестри од четврта година да стажираат во ковид центрите

November 12, 2020 13:58
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек се консултации за да се утврди дали медицинските сестри од четврта година во средното медицинско училиште дел од стажирањето да го поминат во ковид центрите, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашања дали поради тоа што 300 здравствени работници се заразени со коронавирусот во третманот на пациентите ќе се вклучат и медицински лица од Армијата Филипче рече дека засега нема потреба од тоа затоа што има доволен број лекари кои работат според системот на ротација.

Министерот Филипче рече дека  веќе разговарал со директорката на средното медицинско учииште и оти во наредните денови ќе се знае дали ќе може да се смета на помошта од новите медицински сестри.

„Во текот на вчерашниот ден имав средба со  директорката на  Средното медицинско училиште  за да видиме дали може дел од стажот на медицинските сестри од последната, четвртата годиа,  да се помине во ковид центрите. Има некои административни работи кои денеска и во текот на вчерашниот ден ги разгледуваме и  мислам дека во следните денови ќе знаеме дали можеме да сметаме на оваа бројка  медицински сестри кои веќе имаат искуство со практичен дел од претходните години“ изјави Филипче.

Многу често, како што дополни, и тие имаат проблем со спроведување на праксата затоа што сите доктори  практично се целосно мобилизирани  во лекувањето на пациентите со Ковид. Верувам дека ќе најдеме решение, рече Филипче кој со министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на предавањето на воено-санитетските возила на Брзата помош.

Next Post

Филипче: Мал е бројот на случаи во градинките, обично вирусот го носат од надвор

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk