ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Херојска е борбата на здравствените работници

November 13, 2020 17:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Mинистерот за здравство Венко Филипче, заменикот министер за здравство д-р Илир Хасани и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, денеска беа во посета на Општата болница Гостивар, во која целосно е реновирано хируршкото одделение.

Со реновирањето, вработените имаат подобрени услови за работа според најсовремените стандарди, а пациентите имаат значително подобри услови за престој и лекување. Вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 15 милиони денари.
Министерот Филипче пред вработените во оваа установа истакна дека херојска е борбата и работата што ја вршат здравствените работници во целиот овој изминат период, за да се подготви и престрои системот за нешто за што никогаш ниту не предвидел дека ќе се случи, ниту бил спремен, ниту пак очекувал.
„Вие и вашите колеги во сите други јавно здравствени установи тоа го направивте во исклучително краток временски период. Помош таму кадешто е најпотребна прераспределба на кадарот, помош на докторите и сестрите коишто работат на инфективното одделение и сега и на интерното пренаменето за третман на пациенти со ковид. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам и да укажам на тоа дека водиме сметка за секој еден којшто е вклучен во оваа битка. Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума на средства којашто ќе оди како награда еднократна во следните месец дена за сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти.“ – потенцираше Филипче и потсети дека минатата година во болницата во Гостивар целосно биле реконструирани операционите сали и набавена нова опрема. Тој најави и дека во 2021 година со помош од Европската унија, болницата ќе добие апарат за магнетна резонанца.
Вице-премиерот Груби изјави: „Вчера го славевме херојството на фудбалерите, и беше ден посветен на нив. Се радувавме сите заедно. Но, всушност наши секојдневни херои се оние кои секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински, секојдневни херои. Им честитам, им се заблагодарувам на сите за целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел, се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата“.
За да се одговори на предизвикот со ковид-19, во Општата болница во Гостивар зголемени се болничките капацитети. Од почетокот на пандемијата, инфективното одделение располагаше со 18 легла. Со реновирањето на стариот простор за дијализа, но и спремното интерно одделение, сега болницата располага со вкупно 65 кревети. Направен е нов распоред и реорганизација, уклучени се сите интернисти и специјализанти кои се вратени од специјализација на припомош.
Обезбеден е доволен број на медицински кадар. Установата, и во услови на ковид-19 продолжува со редовните прегледи и интервенции за пациентите во овој регион, кој опфаќа 200 илјади жители.
Next Post

Попладневен преглед на вести: Жалам дечки, сега разбирам зошто го сакаат Апасиев, Костадинов: Фирми партнери на Мицкоски во хидроцентралите биле кредитирани без покритие од „Еуростандард банка“

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk