По вчерашната победа на македонската фудбалска репрезентација, на нашиот портал, среде еуфоријата од успехот на македонската репрезентација, дежурната екипа објави неточна информација со лажни честитки за пласманот на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2021 (првично ЕУРО 2020, одложено поради ковидот) , наводно, од политичари и лидери од соседството.
Им се извинуваме на читателките и читателите за објавувањето на неточната информација, која се надеваме, не навреди и повреди никого, со оглед на тоа дека во истата немаше осудувачки или прекорувачки тон. Текстот е повлечен веднаш по укажувањето од наш читател.
Со други зборови, „го лапнавме кромидот“ и заслужуваме пецкање и критики кои ќе ги прифатиме како лекција – во иднина да внимаваме уште повеќе. Особено затоа што искрено и посветено се бориме против лажните вести.
Честитки за победата над Грузија и квалификациите на ЕУРО 2021, се гордееме со успехот на нашите фудбалери, кои ни овозможија толкава радост во ова време-невреме и им посакуваме успех на Европското првенство.
Редакцијата