ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонско-бугарски односи: Битка меѓу разумот и популизмот

Потешкиот начин за надминување на проблемот што еднострано го наметна бугарската страна, е да се остане разумен, конструктивен и со погледот кон иднината. А да се биде разумен и конструктивен, да се бараат решенија, не значи отстапување и откажување од македонската самобитност, како што тоа вмровците (и оние со бугарски пасош и довчерашно блгарско самочувствие) сакаат да го прикажат.

November 15, 2020 17:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Постојат повеќе начини да се реагира на атакот од сегашното раководство на Република Бугарија врз македонските интеграциски процеси и врз самобитноста на македонскиот јазик и народ. Но, бугарското инсистирање на идентитетските прашања, надвор од договорот за пријателство од 2017 година, има извонредно краток рок. Сепак, последиците можат да бидат долготрајни и тешки.

Во еден момент, во блиска иднина, може да се очекува бугарските националисти (како поинаку да ги наречеме?) да се вратат во преговорите трчајќи, барајќи да не се отвораат мрачните поглавја од нивната историја. Бидејќи, соочувањето со минатото е процес кој никогаш не го започнале, а тој подразбира искрено соочување со сопственото историско наследство. За разлика од други европски нации кои достоинствено ја понесоа одговорноста и се соочија со сопственото историско минато, Бугарија живее во маглата на заблудите за сопствената улога во историските настани и процеси.

СООЧУВАЊЕ СО МИНАТОТО… УПС!

Соочувањето со минатото подразбира и понесување одговорност како држава, обврска да се почитуваат човековите права, пред сè, правото да се дознае вистината и да се добие правда поради злото и насилствата што се нанесени во некој историски период во некоја држава. Еве, да не одиме подалеку, доволно е да ги споменеме годините на Втората светска војна. Не е далеку денот кога европските и светските архиви ќе исфрлат документи и сведоштва на кои бугарските лидери и нивните зачаурени академици ќе кажат „Упс! Ами сега, допуснахме грешка!“

За Македонците во Бугарија, еве, нема да зборувам, иако има многу што да се каже. Но верувам дека и Турција во еден момент ќе каже „збор-два“ за мрачната „операција“ на Тодор Живков за асимилирање на Турците кон крајот на 80-те години од минатиот век, кога повеќе од 350.000 Турци заминаа од Бугарија. Тоа беше време на жестоко кршење на човековите права и човечки жртви во Бугарија.

Бугарија вели дека македонската страна не го исполнува договорот. Напротив, целиот свет виде, но и гласно проговори за тоа кој, всушност, го крши договорот за пријателство и тоа на најгруб можен начин – со кршење на правото на самоопределба. Договорот говори за заедничка историја, а сега, тоа што е заедничко може да биде само бугарско. Каде е логиката? Но, национализмот никогаш и не се потпирал на логиката, така што нема ни да ја бараме.

Во случајов, бугарската страна се обидува избегне соочување со своето минато врз грбот на македонските национални интереси и интеграцијата во ЕУ. Не оди тоа така.

ЛЕСНИОТ И ТЕШКИОТ НАЧИН

Е, сега, најлесниот начин да се соочиме со ваквата политика е да се тргне во популистичка пресметка со јазик на омразата и поделбите. Тоа не носи добро никому, ги затвора границите меѓу луѓето, и видливите и невидливите. Краткорочна корист од тоа можат да извлечат популистите и националистите, само за себе и за своите блиски соработници, но сите останати страдаат на многу подолги патеки.

Потешкиот начин за надминување на проблемот што еднострано го наметна бугарската страна, е да се остане разумен, конструктивен и со погледот кон иднината. А да се биде разумен и конструктивен, да се бараат решенија, не значи отстапување и откажување од македонската самобитност, како што тоа вмровците (и оние со бугарски пасош и довчерашно блгарско самочувствие) сакаат да го прикажат.

ДРЖАВНИЧКА ИЗЈАВА

Премиерот Заев даде уште една државничка изјава за овој спор, уште еден став по кој ќе го запомни и домашната и меѓународната јавност. „Јас сум убеден дека со позитивни одлуки градиме пријателство, со негативни одлуки градиме горчина… Двата народи се навистина со заедничко минато и од таа заедничка историја се развиле денешниот, македонскиот и бугарскиот народ. Зошто не е доволно заедничкото? Како тоа да биде заедничко и да биде бугарско? Или да биде заедничко, а да биде македонско?“ – изјави тој од Струмица, каде што неговото семејство донираше амбулантно возило на струмичката болница.

И со оваа изјава, Заев, добитник на повеќе престижни меѓународни признанија и награди за придонес кон мирот, демократијата и човековите права, уште еднаш покажа дека не мора да се шири популизам и националистичка хистерија, а да се постигнат целите и да се одбранат македонските национални интереси. Оттаму, не изненадува тоа што Заев оваа година е добитник и на меѓународната награда за човекови права што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт во Берлин на 16 ноември годинава и каде што во програмата се најголемите европски лидери.

КОНСТРУКТИВНОСТ, НАСПРОТИ АПСУРДНО ПРИСВОЈУВАЊЕ

За автохтоноста на македонскиот јазик и идентитет не се преговара, ниту може да се преговара. Тоа е барем јасно од позициите на државното раководство. Но, непоколебливоста во овие позиции не може и не смее да се претвори во националистичка хистерија. Тенка е линијата меѓу националистичката хистерија и достоинственото државничко однесување. Не е национализам ако не попуштите пред апсурдни барања, уцени и притисоци кои се, впрочем, спротивни на меѓународното право.

Од кога правото на самоопределување станало аргумент за спорење на нечиј идентитет, како што тоа бугарската страна го прави? Овде не се работи за спор околу историјата или фабрикување на историски факти какви што, бездруго, има насекаде во светот, а посебно на Балканите. Овде се работи за апсурдно присвојување на цел еден јазик и идентитет, а тоа присвојување го прави, простете, драги сосетки и соседи Бугари, ама токму бугарското политичко раководство.

На крајот, бугарските граѓанки и граѓани треба да живеат со ваквата политика, не ние. Сите заедно ќе страдаме, но Бугарките и Бугарите најмногу. Треба да размислат околу тоа кога ќе излезат на избори. Значи, ако минатото е заедничко, не е ниту бугарско, ниту македонско. Ако иднината е европска, таа ни припаѓа на сите нас.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Попладневен преглед: Мицкоски за спас на фотелјата ги потценува лекарите, нема неангажиран лекар, разобличени лажни вести, бугарско-македонските односи меѓу популизмот и разумот

Shortcut

Најново

Биволот наречен „Доналд Трамп“ спасен од жртвување за Курбан Бајрам по виралната слава во Бангладеш

May 28, 2026

Шок во Париз: Јаник Синер сензационално елиминиран во второто коло на Ролан Гарос

May 28, 2026

Промоција на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од хуманитарецот Денис Јанкуловски – Космонаутко во Кисела Вода

May 28, 2026
Generated by pixel @ 2026-05-

Пад на акциите на Ферари по промоцијата на првиот целосно електричен автомобил „Luce“

May 28, 2026
Фото: Влада

СДСМ: Прославата на независноста не смее да биде параван за приватизација на културата

May 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk