ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Мета.мк: Ако се почитуваат мерките, ризикот од КОВИД-19 во автобус или воз е минимален

November 15, 2020 21:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот превоз во земјава трпи сериозни штети од ковид-19 пандемијата, а веќе подолго време се посочува како ризична локација на која може да се пренесува корона вирусот меѓу граѓаните. Владата на крајот на октомври воведе мерка за ограничување на исполнетоста на возилата за превоз на патници до 50 отсто од нивниот максимален капацитет. „Мета.мк“ контактираше со дел од превозниците, кои пак велат дека мерките за заштита од корона вирус мора да се почитуваат и од патниците и од вработените, а во ваков случај ризикот од пренесување на ковид-19 во јавниот превоз би бил минимален.

Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега ниту еден од вработените во нивното претпријатие не се заразил од ковид-19 на работното место. Патничките возови секојдневно сообраќаат низ државата, а во секој од нив мора да има машиновозачи и кондуктери. Од Железници велат дека немаат сознанија оти некој патник се заразил како резултат на користењето на железничкиот превоз.

– Ги почитуваме сите препораки од Владата, како што се користење 50 отсто од капацитетите (обележани се седиштата на кои е забрането седење), задолжително носење на маски, мерење на температура на персоналот пред влегување во воз, видео запис што се прикажува на екраните во патничките гарнитури, преку кој се едуцираат патниците за заштитните мерки од Ковид-19, редовно одржување на хигиена и дезинфекција на возовите – велат од Железници на РСМ-Транспорт.

И од автотранспортната компанија „Руле турс“ информираат дека ги почитуваат мерките за заштита од ширење на ковид-19 во нивните автобуси.

„Досега ниту еден вработен не бил заболен на своето работно место, а немаме податоци дали некој патник и колкав број на патници се заразиле во автобус, бидејќи никој не може да знае кој каде се заразил“ сметаат од „Руле турс“.

Тие дополнуваат дека поголема е веројатноста патниците да се заразат возејќи се со дивите превозници, кои возат со лесни возила со по пет или шест седишта, каде граѓаните седат збиени еден до друг и каде исполнетоста на возилото е 100 отсто.

Инаку, и водечките меѓународни медиуми го третираат прашањето за тоа колкав е ризикот од заболување со ковид-19 во јавниот превоз од страна на патниците и вработените. Британскиот „Скај Њуз“ пишува дека ризикот од ширење на корона вирусот во јавниот превоз е значително низок, наведувајќи ги податоците од Франција каде само 1,2 отсто од вкупно пронајдените 2.830 кластери на корона вирус откриени меѓу 1 мај и 28 септември се случиле во кој било вид на транспорт (авиони, бродови и возови).

„Вашингтон пост“ пак пишува дека студиите кои го проучувале јавниот транспорт во Париз, Австрија и Токио не пронашле доказ за трансмисија на корона вирусот од патник на патник. Сепак, овој весник не ја исклучува можноста луѓето возејќи се едни покрај други, во случај на подолг временски период, да можат да влезат во ризик од пренесување на вирусот.

„Би-би-си“ пак пишува дека потенцијалниот ризик од заразување со ковид-19 во возовите и автобусите зависи од тоа колку тие се полни со патници, колкаво растојание меѓу луѓето може да се држи на станиците и постојките и колку е добра вентилацијата во возилата за превоз на патници. Како и во случајот на здравствените власти во нашата земја, и „Би-би-си“ советува да не се допираат површините во возилата доколку е тоа можно, да се држи растојание меѓу патниците, задолжително да се носат заштитни маски, но и да се патува во периоди надвор од шпицот и да се прават што е можно помалку трансфери во јавниот превоз од едно во друго возило.

извор: МЕТА.МК

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk