ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, тоа е наше суверено внатрешно право

November 16, 2020 20:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ние долго време се обидуваме да дадеме шанса на овој процес, мислам дека јавноста тоа јасно го забележува. Тоа што го велиме јавно е дека ние сакаме членство во ЕУ, сакаме да ги започнеме преговорите, но не разговараме за тоа кои сме и каков јазик зборуваме. Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. Тоа право е наше суверено внатрешно право и кога Бугарија ја признала тогаш како прва држава Република Македонија меѓу другото го прифатила и тоа наше суверено право.

Ова вечерва го нагласи вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во „Топ тема“ на Телма.

– Јазичното богатство е едно од основните вредности на ЕУ и земјите членки. Со Лисабонскиот договор се обврзале да го почитуваат националниот идентитет свој и на другите, но се обврзале и во односот со своите соседи, соседството на ЕУ, да воспоставуваат партнерства врз основа на овие европски вредности, рече Димитров.

Според него, имаме апсолутно легитимно право од секого да очекуваме почит и прифаќање на нашето право на самоопределување.

– Би сакале на некој начин да е јасно дека секогаш кога има решение, компромис или молк, кога некои од основните вредности на ЕУ се кршат, Европа ослабува, вели Димитров.

Нашиот јазик, вели тој, е наша работа.

– Многу е клучно да се разбере дека нашиот македонски идентитет е резултат на историски процес, тоа не е предмет на политичка одлука, не е на нечија штета, на било кој сосед. Ние имаме како суверена држава едно елементарно право да очекуваме тоа да ни се почитува. Не може процесот на пристапување кон ЕУ да стане инструмент, механизам за попречување на ова право. Ова е вистински тест и за самата ЕУ, и за одлуката од март. Ние добивме чиста одлука да почнеме пристапни преговори. Каква порака ќе даде ЕУ кон нас и кон регионот, порача Димитров.

За него е спорно државата да има суд во однос на историјата. – Може да има концепт, да се договори на кои принципи тоа ќе се работи, но за историјата мора да разговрааат историчарите, смета Димитров.

Ние, додава, не може да бидеме одговорни за друга држава.

– Што ние славиме е наша работа, тоа е мешање во нашите внатрешни работи. Каков идентитет имаме е наша работа, ние не се мешаме во идентитетот на кого било во соседството и пошироко. Не се мешаме како соседите гледаат во соседната историја, тоа е нивна работа. Имаме Комисија, има историчари, има периоди кога имаме заедничка историја со Бугарија и тоа е работа на историчарите, вели Димитров.

Смета дека шансата е да се држиме до тие принципи и правила.

– Две прашања се клучни – кој ќе влегува во Унијата и каде. Многу е битно прашањето „кој“ – упатува на идентитетот и јазикот, а прашањето „каде“ – упатува зошто ние толку сакаме да бидеме дел од ЕУ. Таму гледаме шанса за просперитет и затоа што таму гледаме заедница на вредности. Секогаш кога одлуките отстапуваат од суштинските врендости на Унијата, Европа станува послаба, заклучи Димитров.

Next Post

Димитров: Не можеме да преговараме за тоа кои сме и за тоа дека зборуваме македонски јазик

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk