Премиерот Заев денеска ќе биде во работна посета на Берлин, Сојузна Република Германија, по повод доделување на награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).
Церемонијата на доделување на наградата која ќе започне во 15:45 часот, ќе ја отвори Хајко Маас, федерален министер за надворешни работи, а ќе може да се следи на овој линк
Заев, придружуван од министерот за надворешни работи – Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.