ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поништувањето на аболицијата е уставно, Стразбур може да ги отфрли тужбите на обвинетите од СЈО

November 18, 2020 15:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница одлучи дека поништувањето на аболиција на претседателот Ѓорге Иванов, за лицата опфатени во предметите на СЈО, е уставна и законска затоа што не смее на граѓаните да им се скрати правото за повлекување на аболиција доколку сметаат дека својата невиност можат да ја докажат пред суд.

Ова значи дека Иванов имал право кога решил да ја повлече аболицијата во јуни 2017 година, инаку дадена два месеца претходно, во април. Со оваа денешна одлука на Уставен суд практично продолжуваат да се процесуираат сите предмети на СЈО, затоа што аболицијата на Иванов се однесуваше на осомничени и обвинети од СЈО, иако во списокот помилувани Иванов имаше и грешки со имиња на сведоци и на лица кои воопшто не биле третирани од СЈО.

Дополнително, со ваквата одлука на уставните судии му се отвора патот на Судот за човекови права во Стразбур лесно да ги отфрли тужбите поднесени против државата од страна на обвинети од СЈО, сите поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ. Тие ја тужат државата во Стразбур за крешење на човековите права со тврдење дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече.

Но, Уставен суд одлучи дека сепак може, па така од денеска повлекувањето на аболицијата е законско.

Со тоа паѓаат во вода наводите кои ги изнесуваат тужителите од ВМРО ДПМНЕ, дека им се прекршени правата со тоа што Иванов им ја повлекол аболицијата. Ситуацијата стигна до Стразбур и до Уставен суд затоа што во април 2017 година, Иванов даде колективна аболиција на 56 лица која немаше законска основа. Тој се повика на членот 11 од Законот за помилување кој практично бил избришан во 2009 година. Во 2016 година Уставен суд ги укина измените во Законот за помилување од 2009 година мислејќи дека така ќе го вратат на сила членот 11 кој на претседателот му дава дискреционо право да помилува кого сака и кога сака. Но, со таа одлука на уставните судии од 2016-та членот 11 немаше како да се врати во правниот поредок затоа што бил избришан од парламентот. Тоа не му сметаше на Иванов и даде аболиција врз основа на член кој не постои, кој не е на сила.

Откако сфати што направи и какви реакции предизвика Иванов посегна по тоа да ја повлече аболицијата, но и тоа немаше како да го направи.

Затоа пратениците во 2017 година вметнаа член 11а во Законот за помилување со кој му дадоа право на Иванов да може да повлече еднаш дадена аболиција.

Денеска Уставен го потврди тоа, дека повлекувањето на аболицијата е законско. Затоа тужбите на обвинетите од СЈО во Стразбур стануваат беспредметни.

Д. Е.

Next Post

Црн ден за Србија: 5.613 нови случаи на Ковид-19, починале 27 лица

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk