Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се пожали на Фејсбук дека му го откажале интервјуто на Телма, обвинувајќи за цензура како за време на комунистичките режими. Мицкоски меѓу другото обвини дека телевизијата три години лаже, измислува, конструира, напаѓа за на крајот да го цензурира, пишува Медиа.мк.
Неговиот коментар предизвика говор на омраза и лавина навреди за новинарите и телевизија Телма.
„Телма најкуртонска телевизија и најсеверџанска телевизија” “Доста ве замајуваат наркоманите шарени и платеници од сдс, ја бојкотирам Телма, сите се поткупени од сдс” “не треба дс жалете за биртија како телма” “батали ова комуњарските телевизии” “најскапа и најмрачна телевизија со уште помрачни новинари”” одамна има земено страма оваа телевизија, краток и е векот”” требаше сите да завршат како А1″ “Телма е од Смрдевци” “Што бараш у таа квази телевизија?” “кој глеа тоа срање” “грчка телевизија е Телма, 100% антимакедонски медиум” “Гнојот Боби Христов ли да го удостоиш?” “На пазар нема да можат да отидат и шлајмови ќе лапаат од народот”
Пресметката со Телма веќе ја имаа започнато пратеници, медиуми и новинари блиски до Мицкоски.
Извор: Медиа.мк.